• Latest
Панел на ЦИВИЛ: Попис: Статистика, не политика / Фото М. Муриќ, ЦИВИЛ

Дебатата на ЦИВИЛ за пописот во Штип, вистински пример за конструктивен дијалог

March 6, 2021

Војната против Украина: Женски перспективи – јавна дискусија поврзана со книгата „Градот каде започна војната“

September 15, 2025

Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(БИДЕО) Келог: Ако Путин победуваше, ќе беше во Кијив, западно од Днипро, на Одеса, и ќе ја сменеше владата – Русија губи

September 15, 2025
Фотографија: Unslash

Локални избори во Германија: Германија: ЦДУ на Мерц е на пат да победи во Северна Рајна Вестфалија, АфД остварува голем напредок

September 15, 2025
Фото: Сјриншот од видео на Game Play

Нетанјаху е единствената пречка за враќање на заложниците дома, велат семејствата на киднапираните Израелци

September 15, 2025

Осумнаесет кандидати пријавени за изборната трка за градоначалник на Скопје

September 15, 2025

Дводневен притвор за четири лица осомничени за пожарот во Трубарево

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на MIRROR NOW

Старлинк на Маск не работи на целата фронтовска линија во Украина, интернет услугата претрпе глобален прекин

September 15, 2025
Фото: Фејсбук група „Стоп за Вардариште“

Стоп за Вардариште: Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци”, бараат трајно решение за депониите

September 15, 2025
Прес конференција, 13 септември (фото извор: видео снимка на МВР)

Манипулативна злоупотреба на поимот „хибридни напади“: Кога државата си измислува непријатели

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Дебатата на ЦИВИЛ за пописот во Штип, вистински пример за конструктивен дијалог

March 6, 2021 18:23
in ВЕСТИ, ПОПИС, ТОП 5
Панел на ЦИВИЛ: Попис: Статистика, не политика / Фото М. Муриќ, ЦИВИЛ

Панел на ЦИВИЛ: Попис: Статистика, не политика / Фото М. Муриќ, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Штип, Сашко Николов, претседателката на Совет на општина, Маријана Рогожарска Поповска, претседателката на пописна комисија, Соња Китанова, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Здравков, советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Христина Серафимовска, директорот на Дом на млади, Горан Трајков и главниот уредник на ТВ Ирис, Војо Маневски, учествуваа на панел дискусијата „Попис: Статистика, не политика“, во Штип, во организација на ЦИВИЛ.

Во фокусот на панел дискусијата беше потребата да се одвои политиката од статистиката, Иако, ова не е прва панел дискусија на тема попис, сепак ЦИВИЛ ја препозна потребата со веќе почнатиот процес на попишување, да се слушнат ставовите зошто пописот е важен и на локално ниво. Се разбира, самата дискусија отвори можности за споделување на важни информации за текот на подготовките и одвивањето на процесот на попишување во почетната фаза, но значењето на пописот како за општините, така и за економијата, стопанството, градењето политики и практики на локално и национално ниво.

Градоначалникот на Штип, Сашко Николов, истакна дека без пописот нема да бидеме интересни ниту за ЕУ ниту за светот. Според него, како технички статистичка операција, битно е пописот да се случи сега за нашата земја тргне во вистински правец.

„Пописот е суштински битен за една општина, ние не знаеме колку жители има во некоја општина, не ја знаеме старосната граница на граѓаните, етничката и религиозната припадност… Ние немаме точен податок за да може да бараме проекти од Европските фондови, ние користиме стари податоци Во врска со пописот сите имаме исти став само различно видување. Пописот е потребен, неопходен, и овој попис по 21 април откако ќе се сумираат сите изворни податоци, ќе имаме некаква претстава што се случува во нашата држава, што се случува во нашите урбани и рурални средини, каква е нашата демографска структура, и тоа е податок кој ќе ни биде потребен на нас. Пописот ни е статистички бајпас за унапредување на развојот на нашето општество од 2001 година кои не знам колку се точни“, вели  Николов.

Соња Китанова, претседателката на пописната комисија за реон 16, освен што даде преглед за тоа како се одвива самиот процес на попишување и која е улогата на Комисијата,  се осврна  и на константните напади од опозицијата, токму на тема попис.

„Нашата комисија е составена од професионалци, по струка дипломирани економисти, правници и геодетски инженери, како што бара законот, и ние ќе дадеме се од себе пописот во општините Штип и Карбинци да се спроведе  согласно сите насоки и законот“, изјави Китанова, додавајќи дека  нема право да ги коментира притисоците од различните страни  и како комисии, имаат обврска да му дадат логистичка поддршка на пописот.

Согласно законот,  додаде Китанова, немаат право да даваат какви било толкувања  за самиот закон и дека сето тоа е во надлежност на Државниот завод за статистика.

„Како Претседател на Совет на општина Штип ние секоја година, или на секои три години носиме развојни програми од одредена област. Ќе го спомнам последниот пример кога требаше да се изработат програми и стратегии за развој на општините во делот на социјалните политики. На првата страна што ми остави впечаток вели: „Во Штип има толку и толку жители, од кои толку и толку се од таква и таква националност“… и завршува, се повикуваме на извори од пописот во 2001 година. Ние сме сега 2021 година, односно 19 години ние немаме податоци и не знаеме колку жители има, која е нивната етничка, родова, верска припадност“, вели Марјана Рогожарска Поповска, претседателка на Совет на Општина Штип.

„Попис ни е апсолутно неопходен ако сакаме да знаеме во која насока се движиме. Во Штип има факултет, и ние немаме точни податоци колку лица се со високо образование или имаме повеќе кадри кои имаат завршено средно образование“, додаде Рогожарска Поповска, велејќи дека би било совршено пописот се одвива целосно електронски како што бара опозицијата, но ние не знаме колку граѓани имаат основно познавање на компјутерски вештини, не знаме колку лица има што не знаат ниту да читаат, ниту да пишуваат, прашањето е каде ќе се најдат овие луѓе…

Директорот на „Дом на млади“, Горан Трајков смета дека се заборава на младите и нивните желби за нешто ново, надвор од политичките игри.

„Ако мислиме дека ни е потребен попис, пописот не е консензус, пописот е цензус. Ние сме поставени во ситуација да се попишеме или избришеме. Се заборава дека младите сакаат нешто друго и сакаат нешто различно… Сакаат општество во кое ќе бидат слободни и сакаат мир, уморни се од политичките игри. Мораме да ги слушнеме желбите на младите. На каков темел е поставен на ова општество? Не стручни луѓе на стручни места еднакво е на пропаст. Колку градинки ни се потребни во нашиот град, колку училишта во нашиот град и држава? Како ќе ги креираме тие политики ако не знаеме колку и какви содржини да направиме за младите но и за повозрасните?“, вели Трајков.

Новинарот и главен уредник на ТВ Ирис, Војо Маневски, смета дека статистиката не смее да се политизира, но резултатите што ќе излезат од пописот, ќе бидат во корист на политиката за да се креираат програми и политики.

„Како пример, според статистика на гледачи од пописот од 2002 година се плаќа концесија. Како медиум немаме точни податоци колку гледачи имаме. Ние не знаеме дали имаме потреба од 120 пратеника, или 16 министри. Сите тие политики ќе ни зависат од резултатите од пописот“, посочи меѓу другото Маневски.

Двајцата претставници на ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на советничката група на партијата во Штип, Љубе Здравков и советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Христина Серафимовска се фокусираа на она што според нив се пропусти во процесот на попишување.

За Здравков собирањето  100.000 потписи докажува дека колку и да е добра намерата за попис, толку е и голем и сомнежот.

„Не знам во иднина како ќе стекнеме еден минимум доверба, да, ние сме комшии и пријатели, но на политичка сцена ние си немаме доверба. Дециден став никој не зазема дека треба да се бојкотира. Ако некој сака да го злоупотреби, нека му служи на честа, а тоа во иднина ќе се покаже“, изјави меѓу другото Здравков.

Серафимовска, потврди дека не се повикува директно на бојкот, туку се бара корекција и вложување во вистински попис. Аргументите за тоа, според Серафимовска се дека нема доволно информираност во дијаспората, а и самата здравствена ситуација со Ковид-19 отвора можност самите попишувачи да не бидат пуштени во домовите на оние што треба да се попишат.

„Што ќе смени неколку месеци или една година кога веќе 20 години немаме попис“, вели Серафимовска.

ЦИВИЛ ќе продолжи будно да го следи процесот на спроведување на пописот и ќе организира низа настани во кои ќе покани професионални, политички, експертски, медиумски и граѓански претставници да ги претстават своите наоди и ставови.

Б. Јордановска

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ