• Latest

Декларацијата од самитот во Загреб потврдува дека регионот е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за ЕУ

May 6, 2020
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Декларацијата од самитот во Загреб потврдува дека регионот е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за ЕУ

May 6, 2020 20:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на земјите членки на Европската унија, првите луѓе на Европскиот Совет, на Европскиот Парламент и на Европската Комисија, како и шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан донесоа и прифатија заедничка декларација од Самитот на ЕУ за Западен Балкан, во која ЕУ уште еднаш ја потврди својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, додека земјите од регионот ја реафирмираа својата посветеност кон европската перспектива како цврст стратешки избор.

Декларацијата од Загреб, информираат од владината прес-служба, ја адресира и кризата со коронавирусот и ЕУ се залага за своите партнери од Западен Балкан и останува посветена на активна поддршка на нивните напори за борба против коронавирусот и за справување со последиците врз општествата и економиите.

Во заедничката декларација се потенцира дека ЕУ и земјите од Западен Балкан заедно се борат против коронавирусот и со последиците од пандемијата КОВИД-19. ЕУ мобилизираше многу бргу пакет од над 3,3 милијарди евра во корист на земјите од Западен Балкан. Овие средства, освен за пост-пандемичкото закрепнување, се наменети за непосредна поддршка за здравствениот сектор, за потребите на социјалното и економско закрепнување на земјите од регионот. Дополнителна поддршка се пакетот од 750 милиони евра за макрофинансиска помош и 1,7 милијарди евра од Европската инвестициска банка.

Декларацијата од Самитот на ЕУ за Западен Балкан Загреб 2020 истакнува дека пандемијата покажува дека ЕУ и земјите од Западен Балкан заедно се справуваат со заедничките предизвици. Оваа соработка, се вели во соопштението, вклучува заедничка набавка и неограничен пристап до заштитна лична опрема, обезбедување и брз проток на основните производи преку зелените коридори што ги поврзуваат ЕУ и Западен Балкан, снабдување од страна на ЕУ со коронавирус тестови на Западен Балкан, како и тесна соработка со релевантни здравствени тела во земјите на ЕУ и на регионот.

Со декларацијата партнерите од ЕУ и од Западен Балкан се обврзуваат за безбедна, силна, стабилна и обединета Европа, обединета со историските, културни и географски врски и за заштита на взаемно прифатените политички, безбедносни и економски интереси.

ЕУ, стои во соопштенито од владината прес-служба, ја поздравува силната посветеност на земјите партнери од Западен Балкан за суштинската важност на демократијата и владеењето на правото, доброто управување, како и почитувањето на човековите права, родовата еднаквост и правата на малцинските заедници и особено борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Со декларацијата земјите членки на ЕУ и на Западен Балкан прифаќаат да ја зајакнат соработката за справување со дезинформациите и другите хибридни закани, кои доаѓаат од трети страни кои сакаат да ја поткопаат европската перспектива на регионот.

Во декларацијата од Загреб 2020 ЕУ целосно ја поддржува определбата на земјите од Западен Балкан за инклузивна регионална соработка и зајакнување на добрососедските односи. Во таа насока добрата волја и опипливите резултати во спроведувањето и придржувањето до билатералните договори, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи на Северна Македонија со Бугарија, се оценува како важно и се истакнува дека изнаоѓањето и спроведувањето на конечни, инклузивни и обврзувачки решенија треба да се бара во согласност со меѓународното право.

Декларацијата констатира дека тесната соработка на земјите од Западен Балкан во рамките на постојните регионални структури ја покажа својата вредност и во соочувањето со кризата КОВИД-19, и во таа насока ЕУ ќе продолжи да ја поддржува ваквата инклузивна регионална соработка и ги повикува лидерите на Западен Балкан целосно да го искористат потенцијалот за соработка за да го олеснат економското закрепнување по кризата.

Во точката 11 од декларацијата, стои во соопштението, се нагласува дека откако ќе се постигнат проектираните резултати за запирање на пандемијата од КОВИД-19, ќе следи нова фаза на тесна соработка за справување со социо-економски последици од кризата. За таа цел Европската Комисија подготвува масивен економски и инвестициски план за Западен Балкан, со цел да ги зајакне економиите на земјите од регионот, да ја подобри нивната конкурентност и да го поттикне квалитетното поврзување на регионот со ЕУ.

ЕУ и земјите од Западен Балкан со декларацијата се согласуваат да ја унапредат взаемната соработка за основните безбедносни прашања на систематски начин и на оперативно ниво, на прашања како што се спречувањето и борбата против тероризмот и екстремизмот, вклучително и финансирањето, радикализацијата и враќањето на странските терористички борци.

Во декларацијата од Загреб 2020 партнерите на ЕУ и Западен Балкан ги ставаат во врвот на приоритетите борбата против корупцијата и организираниот криминал како неопходност за политичката и социо-економската трансформација на регионот.

Декларацијата определува дека земјите од Западен Балкан, во соработка со ЕУ, и едни со други, ќе продолжат да преземаат решителни активности против трговија со луѓе, против трговијата со дрога, како и против недозволената трговија со оружје, вклучително и миграциските предизвици, и шверцот со мигранти, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Во заедничката декларација од Самитот на ЕУ за Западен Балкан Загреб 2020, се потенцира и важноста на заедничките политики за енергетската безбедност со приоритет на обновливите извори на енергија.

Со цел понатамошно промовирање на заедничките интереси, стои во соопштението, лидерите на ЕУ во декларацијата ја изразуваат подготвеноста да го зајакнат политичкиот дијалог на редовно и на највисоко ниво, меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ