Граѓанската иницијатива #НаМегдан во координација со двата изборни штабови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, денеска ги предадоа поканите на двајцата претседателски кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова за учество на јавниот настан #НаМегдан.
Нашата иницијатива нема цел да фаворизира ниту еден кандидат. До предизборниот молк, платформата #НаМегдан ги повикува сите кои сметаат дека во досегашната предизборна кампања не беа одговорени суштинските прашања, да ја искористат платформата за самите да ги постават прашањата кои се од нивен интерес.
„Нашата платформа неуморно ќе ги прозива кандидатите да одговорат на тие прашања, а нејзината отвореност, транспарентност и јавност ќе бидат најдобрата алатка против злоупотребата на револуцијата и нејзините принципи во предизборната кампања“, на Ирена Стеријовска, по предавањето на поканите до двата кандидати.
Таа додаде дека Пендаровски неформално прифати да одговара на прашања, а од штабот на Силјановска ќе одговорат до утре.
„Кандидатите треба да одговорат и на суштински прашања како што се социјална заштита, правда, сигурност“… нагласи Јасмина Голубовска.
Дехран Муратов
Фотографија: Ангела Петровска












