„Општина Демир Хисар во Буџетот за 2020 година нема предвидено средства за новогодишно украсување ниту пак распишува јавна набавка за таа намена. Оваа година ќе ја украсуваме нашата општина за Нова година со новогодишните украси кои се набавени во претходните години. Се работи за многу скромно украсување кое го монтираат и демонтираат наши вработени и за тоа немаме никаков дополнителен трошок. Доколку се појави потреба од заменување или обновување на дел од украсите, во тој случај би набавиле дополнителен број на новогодишни украси, но повторувам дека се работи за незначителни средства“, вели Марјанче Стојановски, градоначалник на Општина Демир Хисар, на прашањето на ЦИВИЛ – Дали оваа година ќе ја украсите вашата општина за новогодишните празници?
Дехран Муратов