• Latest

Демократските општества на удар од злоупотреба на податоци и лажни вести

November 14, 2019
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Демократските општества на удар од злоупотреба на податоци и лажни вести

November 14, 2019 14:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Демократските општества денес се на удар од злоупотреба на податоци и лажни вести. Оттука најголемиот предизвик за општествата е како да се справат со злоупотребите, без притоа да ја загрозат слободата на изразување. Поради тоа медиумската пименост треба да биде дел од наставниот процес но и активност на целото општество.

Ова се заклучоците на дводневната конференција „Денови на медиумска писменост 2019“ што се одржува во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

На конференцијата беа претставени најновите наоди од истражувањето за аспекти на медиумската писменост кај популацијата во државата, кои покажуваат дека паметните уреди се во постојан пораст во домаќинствата, од кои најбројни се паметните телефони 83 проценти, потоа компјутерите, а веќе 62 отсто од домаќинствата веќе имаат паметен телевизор. При тоа поголем дел од популацијата, особено помладата, се информираат за разни содржини од социјалните медиуми.

 

Во однос на информациите што ги добиваат од медиумите, и дали домашните медиуми различно информираат за еден ист настан, 68 отсто сметаат дека тоа се телевизиите, 57,7 отсто ги посочиле информативните портали, 34,7 проценти дневните весници, 34,3 радио станиците, и 28,3 неделните списанија.

Во врска со „негативните“ содржини на социјалните мрежи, 50 отсто ги навеле навредите, омаловажувањата и заканите врз основа на сексуална ориентација или родов идентитет. Потоа 43 отсто одговориле дека забележале дека ги демнат луѓе он лајн, како и луѓе кои лажно се претставуваат, 58 отсто одговориле дека тоа е навредување, омаловажување и закани врз етничка или верска основа. Ист толкав процент сметаат дека тоа се навреди, омаловажувања и закани врз политичка основа, додека 61 отсто сметаат дека се конструирани лажни информации што намерно ги шират групи и поединци заради политички и други цели.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, во обраќањето на конференцијата, рече дека демократските општества денес се на удар од злоупотреба на податоци и лажни вести.

– Интернетот стана начин на живеење за сите нас, комуникацијата стана брза и тоа го направи глобалното село уште помало. Тоа носи големи бенефиции, но и големи предизвици. Новите технологии ни овозможија сите информации да ни бидат на дофат, но тоа направи и превртување на фактите и ширење лажни вести користејќи ботови и ширејќи омраза, и сето тоа ја направи демократијата покршлива, рече Жбогар.

 

Оцени дека најголемиот предизвик за демократските општества е како да се справат со злоупотребите, без да ги загрозат бенефитите и без да ја нарушат слободата на изразување.

– Младите генерации особено треба да научат како да ги препознаат дезинформациите, лажните факти, зад некое известување. Исто така тие треба да знаат и да учествуваат во дебати почитувајќи ги различните мислења, дебатирајќи, во исто време почитувајчи ја проиватноста и дигнитетот на соговорникот, рече Жбогар.

Евроамбасадорот подвлече дека медиумската пименост треба да биде дел од наставниот процес но и активност на целото општество и оти ЕУ ги поддржува активностите организирани од Македонскиот инстотут за медиуми, Школата за новинрство и односи со јавност, Институтот за комуникавциски студии, метамориозис, Младинскиот образовен форум и други.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која рече дека граѓаните се изложени на големи влијанија на информации.

– Зголемувањето на бројот на медиумите и технологиите го зголемува простапот до ризични извори на информации, што доведува до пристап до различни извори на информации и го зголемуа ризикот за лажни вести. Ваквите трендови претставуваат и закана за медиумската слобода, рече Која.

Изрази уверување дека информирани и медиумски писмени граѓани ќе бидат отпорни на лажните вести и тие ги препознаваат работите знаат како да ги препознаат изворите на информации.

Од презентираното истражување произлегуваат препораки дека за медиумска писменост е потребно интегрирано развивање на дигиталните и медиумските компетемнции, критичко размислување, како и да се развиваат програми за доживотно учење за повозразни групи или други сегменти на популацијата, со цел да се намали „дигиталниот јаз“.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ