Во понеделник, 27 јануари, светот ги комеморира жртвите на холокаустот. Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, кој се одбележува секоја година на 27 јануари, беше воспоставен од Генералното собрание на ОН на 1 ноември 2005 година (Резолуција бр. 60/7).
Во резолуцијата се вели: „Холокаустот, кој резултираше со убиство на една третина од еврејскиот народ, заедно со безброј припадници на други малцинства, засекогаш ќе биде предупредување за сите луѓе за опасностите од омраза, фанатизам, расизам и предрасуди“.
На 27 јануари 1945 година, беше ослободен еден од најголемите нацистички логори на смртта – Аушвиц-Биркенау.
За време на Втората светска војна, шест милиони Евреи станаа жртви на нацистичката политика насочена кон елиминирање на оние што се сметаат за „закана“ или „инфериорни“.
М. Д.