Точно во седум часот утринава почна гласањето на болните и немоќни лица, раселените, како и затворениците.
Право на глас денеска имаат 1.640 затвореници и околу 4.540 лица пријавени како болни и немоќни, но и седум раселени лица.
За гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва, пак, беа пријавени 1.836 гласачи од дијаспората. Тие имаат право на глас во 32 дипломатско-конзуларни претставништва на земјата, каде што веќе отпатуваа над 250 члена на избирачките одбори за да го спроведат гласањето.
М. И.