• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Стапуваат на сила три договори од Берлинскиот процес; Украина ќе стане членка на НАТО; од денес „одмрзнати“ цените на основните производи

June 1, 2023
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Стапуваат на сила три договори од Берлинскиот процес; Украина ќе стане членка на НАТО; од денес „одмрзнати“ цените на основните производи

June 1, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Стапуваат во сила три договори во рамки на Берлинскиот процес

Во Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Косово денеска стапуваат во сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година, во рамките на Берлинскиот процес – Договорот за слободно движење во Западен Балкан со лични карти, Договорот за признавање на високо образовните квалификации и Договорот за признавање на стручните квалификации на доктори, стоматолози и архитекти, соопшти МНР.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Столтенберг: Сојузниците се согласуваат Украина да стане членка на НАТО

„Сите сојузници се согласуваат дека Москва нема право на вето за проширување на НАТО. Напредуваме, сојузниците се согласуваат Украина да стане членка“, изјави Столтенберг пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Ноќен руски ракетен напад врз Кијив

Три лица загинаа, а 16 други се ранети во руски ракетен напад врз Кијив во раните утрински часови во четвртокот, им изјави градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, на новинарите на местото на падот на ракетните остатоци во близина на клиника.

Воена помош

Американскиот претседател Џозеф Бајден одобри нов пакет воена помош за Украина од 300 милиони долари, кој вклучува дополнителна муниција за дронови и друго оружје, соопштија синоќа американските власти.

Анализа: Зошто вооружените сили на Украина не би можеле да бидат одговорни за нападот сo дронови врз Москва?

Три дена по ред, од 28 до 30 мај, Русите масовно го гранатираа Кијив со разни видови ракети и беспилотни летала камикази, кој од почетокот на мај е нападнат 17 пати. На оваа позадина, како што го рече градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко , точно се совпаднаа размислувањата на речиси секој жител на главниот град и регионот: зошто московјаните одмараат, зошто не им даваме кошмари за возврат?

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕКОНОМИЈА Од денеска се „омдрзнуваат“ цените на основните производи, поскапувања не се очекуваат.

САМИТ Премиерот Димитар Ковачевски придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, денеска учествува на вториот состанок на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија.

СРЕДБА Премерот Димитар Ковачевски заедно со премиерот на Република Албанија, Еди Рама имаа заедничка средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

ВИКЕНД НА ГОРДОСТА Вечерва во Скопје започнува Викендот на гордоста 2023 со изложба на Карол Раѓишевски.

РЕГИОН

Тепачка во бугарското Собрание

На денешната седница во бугарското Народното собрание дојде до тепачка помеѓу пратениците по декларација на партијата „Преродба“ (Вазраждане), која повторно повика партијата „Продолжуваме со промените“ да го напушти парламентот бидејќи, според нив,  дозволиле државата ја преземат странските амбасади.

ЕК иницира четири кривични постапки против Бугарија

Европската комисија денеска објави четири кривични постапки против Бугарија. Процедурите се во областа на перење пари, борба против измами со средства од ЕУ, квалитетот на воздухот и безбедноста на поморството

АЛ-ПРЕС

(ИЗБОР) Албански медиуми: НАТО не се откажува од политичко решение на северот на Косово; во Подгорица протести за поддршка на Србите; Стапот на Смиѓиќ и лекциите за северот

Репортери- Столтенберг : Испраќањето дополнителни војници на Косово не значи дека се откажуваме од политичкото решение

КланКосова: Во Црна Гора протест за поддршка на Србите на Косово

Зери – „Гардијан“: Британците се загрижени поради санкциите на САД и ЕУ против Косово

Панорама: „Златните пасоши“ ја носат Албанија во неволја со ЕУ Р-СЕ: Проект во време кога „безбедноста е загрозена“

Арбреш: Во Албанија градбите без дозвола ќе се користат за социјални станови

Коха: Стапот на Драган Смигиќ и четирите лекции од север

МУЛТИКУЛТУРА

Мишев: Како што моите родители ме учеа мене, така ги учам моите деца да ги почитуваат различностите

Николовски: Ние сме заробени во своите идентитети, треба да бидеме држава на изграден национален индентитет, кој сите ќе ги обединува

Муратов: Најчеста мета на националистите се оние општини во кои што велат – ние немаме проблем со мултикултурализмот, ние сме „чисти“

Граѓански дијалози во Гостивар 

ЦИВИЛ со поддршка од Градоначалникот на општина Гостивар, д-р Арбен Таравари, организираше јавен настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“ во просториите на Општината.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Кога информацијата е нецелосна, тоа е како покана за шпекулации и теории на заговорот. Често е исто што и дезинформација. А тоа предизвикува несигурност и страв. Впрочем, ако се работи за саботажа, напаѓачите токму на тоа и сметаат – да предизвикаат несигурност и страв.

Но и без тоа, нека биде, ете, само еден „обичен“ дефект од кој денеска ќе имате најмалку 10 евра штета, а „само“ некои стари и болни ќе имаат мака со здравјето и подвижноста или дефектот ќе им помогне да си заминат од овој свет.“, пишува Џабир Дерала во денешната колумна „Дефект на далноводот или напад од вонземјани?“.

„Секако, Кинезите би сакале да заборават дека денешните ескалации се должат подеднакво, ако не и повеќе на нивните сопствени агресивни политики колку што и на стратегијата на САД. Во неодамнешни интервјуа одбележувајќи го неговиот 100ти роденден, Хенри Кисинџер – архитектот на американското ,,отворање кон Кина” во 1972 – предупредува дека освен ако двете земји не најдат ново стратешко разбирање, ќе останат на пат кон судир.“, пишува во анализата на Нуриел Рубини  / PROJECT SYNDICATE – „Новата Студена војна на САД и Кина станува постудена“.

„На Балканот никогаш не недостасувале драми. Покрај некои тековни, како што ни ги носат оние веќе видени сцени во северниот дел на Косово, користењето на грчко-римско борење на политичарите во Софија постизборно, пред нас продефилираа и граѓаните на Белград. Нивните четири масовни протести (во меѓувреме доаѓа и петтиот) кои беа насочени против власта на Вучиќ и запрепастија со силата на молкот на демонстрантите, тие предизвикаа и страв во владејачките кругови што тешко се сокрива.“, пишува Љубомир Костовски во анализата „БАЛКАНСКИ ИЗБОРИ: Гласачите мислат дека проблемите најдобро ќе ги решат оние кои ги создале!“.

АНАЛИЗА

„По 11 години талкање по судските ходници, во 2014 година, сопственикот на „ФокусНет Доо Штип“, Зоран Алесков, со пресуда на Вишиот Управен суд го добива спорот со Телеком во која се вели дека неговата фирма е истисната од интернет пазарот поради злоупотреба на монополската позиција на Телеком.

За ова претходно има и одлука од Комисијата за заштита од конкуренција која утврдила дека Телеком ги загорзил конкурентските можности на „ФокусНет Доо Штип“.“, пишува Соња Танеска во анализата “Дваесет години низ судските лавиринти: Како Телеком го истисна „ФокусНет“ од македонскиот интернет пазар“.

Д. Тахири

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ