• Latest

Дерала: Амнестија – НЕ! Правда – ДА!

February 17, 2020
Артилериска стрелба (фото извор: АРМ)

Министерство за одбрана: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 16, 2025

РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

August 16, 2025
Фото: МИА

Собранието не ги изгласа измените во Изборниот законик

August 16, 2025
Фото: Укринформ

САД и Европа може да ги поддржат безбедносните гаранции за Украина „инспирирани од Член 5 на НАТО“

August 16, 2025

Мајкрософт покренува истрага за наводите дека Израел ја користел нивната технологија за масовно следење на Палестинците

August 16, 2025

Трамп си побарал да го номинираат за Нобелова награда за мир

August 16, 2025

Измените и дополнувањата во Изборниот законик ќе се донесат по скратена постапка, прифатен амандманот на Левица, независните кандидати да соберат потписи од 0,5 отсто регистрирани гласачи

August 16, 2025
Андриј Сибига. Фото: Фејсбук

Сибига: Украина ја поддржува иницијативата на Трамп за трилатерална средба помеѓу Украина, САД и Русија,

August 16, 2025

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

August 16, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски
Фото извор- официјален профил  на ФБ на Зеленски

Зеленски: Мора да се постигне траен мир, а не само уште една пауза, во понеделник ќе се сретнам со Трамп во Вашингтон

August 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Дерала: Амнестија – НЕ! Правда – ДА!

February 17, 2020 19:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала на „Маршот за правда“:

„Сакам да го поздравам сега веќе поранешниот собраниски состав за одговорната и државничка одлука што ја донесоа во последниот час од својата работа, пред да се распушти Собранието. Оваа одлука е силен, јасен и недвосмислен сигнал дека, сепак…   

Правда ќе има!

Ама милион Африканци ќе ни се населат! Ама процедурите не биле коректни! Ама ова е предавство! Ама… Што ама?

Само шест пратеници беа против законите за Јавно обвинителство и за Совет на јавни обвинители. И 80 беа за! Ги поздравувам поради тоа. И ве повикувам сите да ги поздравите со голем аплауз, колку и да мислите дека некои од нив не го заслужија тоа. Да ѝ аплаудираме на институцијата што конечно се ослободи и не е гласачка машинерија на потстанарот на Орбан.

Да не заборавиме. Меѓу тие 80 беа претставници на граѓанките и граѓаните од сите политички партии и од сите заедници во Северна Македонија.

Иако Бадинтерово мнозинство не е потребно за ова гласање, тие што до последен миг се бореа против законот за Јавни обвинители, се повикаа на тој принцип.

Неверојатно!

Националисти и луѓе под истрага или со обвиненија за криминал се повикуваат на закони, Устав, процедури и бараат Бадинтерово мнозинство! Тие, поради кои е воведен овој принцип за да се намали системската дискриминација, бараат тој принцип да се почитува!

Но, се виде и тоа, колку го почитуваат Бадинтеровиот принцип што не знаат ни кога се гласа според него, а кога не. Не ме ни чуди, бидејќи, во нивно време, во оваа земја се владееше со тефтерчето на Гоца, а со Сваровски накит се купуваше лојалност кон Фамилијата, а не кон позивот обвинител или судија.

Тие што влечеа луѓе за уши, за врат, што секојдневно повикуваат на етничко чистење, тие што своите комшии ги мразат и ги навредуваат со најгнасни изрази – тие побараа Бадинтерово мнозинство.

Но, тоа беше само последниот очајнички обид.

Јас разбирам. Во денови кога правдата чука на врата, никој не е загрижен колку ќе испадне дека е неписмен, туку гледа да си ја спаси кожата и банкарската сметка во Белизе. Криминалците ќе се повикаат и на правда и на закон и на процедури, и на чест и на честитост… Ќе се сетат на сите кибриташки и покерашки финти и трикови, само да купат време, чекајќи нови инструкции од азилантскиот шатор во Будимпешта.

Ќе ни треба многу време да ги наброиме сите монтировки на Сваровски судството. Државата беше заробена затоа што судството беше заробено.

Не смее да се заборават годините на судство заробено од началниците. Не смее да се заборави времето кога човечките судбини беа запечатувани со телефонски повици од Фамилијата, кога животот не зависеше од законите, туку од волјата на началниците и Сваровски судството.

Никогаш не смееме да заборавиме на жртвите на режимот кои минаа низ пеколот на судско-полициските лавиринти.

Своевремено, во оваа земја притворот беше казна пред пресудата. Обвинителите само ја читаа тужбата, а потоа судиите ја читаа и пресудата, а кој ги пишуваше? И тужба и пресуда пишуваа началниците. Е, па, началници, помина тоа време.

Да се вратиме само една година назад. Милиони евра потрошија да го сопрат нашето чекорење кон Европа. Милиони евра потрошија да ги убедат луѓето дека сите се исти. Милиони евра, наши пари, потрошија за да се изборат за амнестија за своите криминали. Ништо друго не ги интересираше. Само амнестија и, се разбира, да се врати режимот.

Ги ангажираа сите, па и најглупавите насилници и будалетинки да блујат отров по социјалните мрежи, како да нема утре, како да немаат семејства и пријатели што се срамат од нив. Вложија огромни пари и врски, за да ја уништат сопствената земја, само за да се извлечат од одговорноста за своето дивеење. Ја мобилизираа сета своја партиска пешадија и направија злокобен обрач околу себе. Не им беше грижа за ништо и за никого освен за сопствените криминални интереси. Ги жртвуваа луѓето околу себе, како топовско месо, да изгорат во битката против правната држава. Универзитетски професорки и професори се посрамотија како последни будали, бранејќи нешто што не се брани.

Но, сето тоа заврши. Неуспешно за криминалната клика, успешно за правната држава. Сега сме чекор поблиску до правната држава и до Европа.

Денеска сум тука и да му порачам на СДСМ: сите ние очекувавме да чекорите похрабро.

Со сето разбирање за само 49-те пратеници во парламентарниот состав и со сето разбирање за насилството на 27 април, кое покажа дека режимот нема лесно да се предаде, за жестоката пропаганда и за опструкциите во преговорите и за овој и за многу други закони…

Можевте похрабро, подобро и побрзо. Сега и законот е тука. Нека биде тоа уште еден поттик, уште една гаранција за успех на правната држава. Нова енергија.

Од вас очекуваме правда. Од МВРО видовме што можеме да очекуваме.

Затоа, на овој ден, дојдов да чекорам за правда. Да ја земам пораката од законодавниот дом, од Собранието и да ја донесам тука, до судот. Да им порачам дека од денеска, судството има добар закон во рацете и дека има слобода, но и обврска да постапува достоинствено, независно и професионално.

Само така можеме да бидеме дел од Европа, како земја во која владее правото, а не тефтерчињата на МВРО и Сваровски судството. Кој сака нека е, власт или опозиција, богат или сиромашен, ако стори криминал, мора да се соочи со полната сила на законот. Амнестија – не. Правда – ДА!

Само во праведна земја, со независни и достоинствени обвинители и судии, може да се живее достоинствено и европски.

Само во таква земја, може да се одржат слободни избори, а не да се влечат човечиња за уши и за врат. Чекориме за правда!“

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Новинарите кои го следеа увидот во гимазијата во Демир Хисар беа легитимирани од полициските службеници, иако носеле новинарски легитимации

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ