• Latest

Дерала: Национализмот е алатка на одредени политички структури за политизирање на пописот

December 28, 2020

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
Трамп и Путин во Алјаска. Фото: Скриншот

Вртење во круг: Трамп постави нов рок за мир во Украина, Сенаторот Греам бара Русија да се прогласи држава спонзор на тероризам ако не ги врати киднапираните украински деца

August 22, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК го донесе упатството за бројот на советници

August 22, 2025
Илустрација ВИ

Сè што треба да знаете за изборниот материјал, што е што во изборен контекст

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Палестинските фракции почнаа да го предаваат оружјето во бегалскиот камп во Бејрут

August 22, 2025

Локални избори 2025: Кој и како ги поднесува кандидатските листи?

August 22, 2025

Еднострано раскинати три концесии за експлоатација на минерални суровини, објави Министерството за енергетика

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Дерала: Национализмот е алатка на одредени политички структури за политизирање на пописот

December 28, 2020 14:53
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На панелот со тема Попис: Меѓу статистиките и политиките, Џабир Дерала од ЦИВИЛ се осврнува на политизирањето на пописот, на кои политички структури тоа им одговара, како и зошто досега во јавноста е засадена мислата дека пописот на население е политизиран.

-Веќе подолго време, би рекол повеќе од една деценија, имаме една жестока, деструктивна политика, водење на политики која го контаминира јавниот и политичкиот дискурс, во та насока што ниту едно прашање не може да помине а да не се исполитизира. Пописот е многу важна стратешка точка, во креирањето на атмосферата во општеството, во јавноста, од ултранационалистичките, и воедно и антизападните структури во политиката. Пописот може многу лесно да се претвори во оружје, во онаа битка во која се дискредитира политичкиот противник кој има прогресивна проевропска, или проевропско-атлантска концепција, односно, однесување во политиката. И имаме одлична алатка во рацете на тие структури кои би сакале преку пописот да прикажат една поинаква ситуација, или пак, ситуацијата која е натеренот, врз основа на прибрана, формирана слика, врз основа на експертски, стручни, врз основа на тотално неполитички процеси, да ја прикажат како алатка, и распоред на сили, кои  одговараат на нивните националистички концепти. Тоа е една од главните поенти на голем дел од политичарите кои и припаѓаат на онаа десничарска националистичка групација во земјата, таа нема само една етничка позадина, зборувам за двете најголеми заедници, и само еден дел од нивните политички претставници, вели Дерала.

-И тука имаме една ситуација кога национализмот, односно меѓуетничките односи, стануваат главна тема, буквално во сите области. Дури и во една статистичка операција каква што е пописот, или како што во подготовките за разговорот директорот Симовски кажа дека таа има врска со политика, меѓутоа, има врска со развојната политика. Има врска со една сосема поинаква сфера на дејствување и функционирање на општеството. Меѓутоа, политичката фела пописот го зема во рацете како аргумент, да покаже, или да „докаже“ дека онаа, другата страна е всушност попустлива. Пред се, се работи за процентот на етничките заедници во земјата, и тоа се калкулациите на дел од политичарите, дел од политичките партии, политички структури во земјата, се обидуваат да вметнат во  сообраќај, и да предизвикаат дополнителни турбуленции во земјата. Едноставно, се работи за калкулација на тие структури, кои, во крајна линија може и да не ја постигнат својата цел. Меѓутоа, доволно ќе биде да внесат сомнеж, и во оваа операција, да внесат сомнеж и во оваа институција, која очигледно работи во чекор со врвните методологии, а очигледно и технологии, меѓутоа, она создавање на атмосфера во која граѓанките и граѓаните имаат се помалку доверба во институциите, без оглед на тоа дали тие заслужуваат или не, едноставно креирање на атмосфера на теорија на заговор, е доволно добар резултат за нив, затоа што ќе се вклопи во мозаикот на целокупната политичка стратегија, со која се разнишува ниската помеѓу граѓаните и институциите, и во која профитот секако дека го извлекуваат малкумина во тие политички структури.

-Имате ситуација, на пример во 2011 година беше толку очигледно дека се работи за една класична кампања која имаше изразито националистички карактер, употребувајќи, односно, злоупотребувајќи една толку нормална, редовна ситуација како што е  спроведување на попис во земјата. Итаа уште се влече, од 2011 година од време на време гледате мини кампањи, па и поголеми кампањи, како што се ближи времето на пописот тие ќе стануваат се повеќе и погласни и поголеми, во кои девет години имате ситуација во кои ретко кој од нив се согласува да разговара за одговорноста, за професионалната и за политичката одговорност на оние што почнаа, потрошија неколку милиони, беа предвидени 14, па паднаа на осум, а во СЈО се докажаа три милиони евра… И вие имате ситуација во која девет години се води кампања дека се прекинал пописот заради тоа што Али Ахмети, или пак некој политичар Албанец  во Македонија барал да се прекине за да не се прикаже вистинскиот процент на Албанците воземјата. Ако имаа некаков ќар тие луѓе што беа на власт во тоа време,  беше за да не се прикаже дека огромен број на луѓе заминаа од земјава, ако веќе зборуваме за тоа, а што може да биде индикатор за лошите политики и практики  на таквата власт. Без оглед на тоа што постои тренд на иселување на младите од земјите на западен Балкан па и пошироко. Значи имате ситуација во која девет години трае една тивка, или помалку тивка кампања во која пописот се поврзува исклучиво со етничките прашања, односно, меѓуетничките односи. И кога имате кампања која е замаскирана со имиџот – еве разговараме за економија, за други прашања, кои навидум немаат врска со меѓуетничките  односи, одредени политички структури во земјава, било да се на едната или на другата страна, тие, бидувајќи националистички структури, едноставно повторно го доведуваат во врска со меѓуетничките односи, повторно во врска со национализмот во своите заедници. За да можат да добијат што е можно повеќе политички профит. За да можат да останат на власт, односно да останат лидери во одредени заедници. И се разбира, кога не се на власт, да предизвикуваат што е можно повеќе турбуленции. Најефтина алатка е токму национализмот, а најголем е профитот од нив. Заради тоа се политизира и оваа операција толку потребна во општеството за развојна политика. Нема врска со некоја друга тема којашто тие ја наметнуваат.

Не гледам зошто една институција која по својата природа е стручна, научна, математичка, не би сакала да ги прибере сите можни податоци. Па нека биде тоа и етничка припадност, и податоци за домаќинствата, затоа што врз основа на тоа потоа се прават  развојните политики, колку училишта на кој јазик треба да се направат и така натаму… Нема зошто да се плаши една ваква институција ако стави некоја графа, што ќе предизвика во општеството. Нема зошто тие да се грижат за тоа, според мене, политичарите, медиумите, јавноста, граѓанските организации треба да се грижат да ја тргнат политиката од оваа стручна операција. Тоа е наша одговорност, не е нивна. Нивна одговорност е да си ја направат стручната подготовка и да си ја спроведат најдобро и најпрофесионално што можат, како што очигледно и знаат. Наше е ние да ги одбраниме од ваквите контаминации во процесот, и заради тоа сметам дека треба буквално сите информации дека треба да ги има, и зошто да ја немаат и таа информација. Политичката димензија на тоа е веќе за сосема поинаков тип на активности во јавноста.

Тоа што се поврзува пописот со избирачкиот список, е уште еден аспект на политизацијата која за жал наиде на погодно тло кај дел од граѓанското општество кое е повеќе од незнаење и ненамерно верувам, а со најдобри намери да помогне, ги постави двете работи на исто место, на иста маса, и тоа потоа како ехо одѕвонува. Мислам дека конечно, како што резолутно, како што пред две години го кажа тоа и господинот Герасимовски, а сега практично на ист начин го кажа и господинот Симовски, треба да се повлече една линија бидејќи едноставно немаат врска. Но, јас се чувствувам повикан да одговорам како член на ЦИВИЛ, организација која од 2008 година мониторира изборни процеси, дека ние никогаш како организација не сме побарале попис , за да се стави во корелација со избирачкиот список. Во врска со политизирањето, јас сум сепак оптимист, наспроти, би рекол не толку светлите перспективи што ги кажав кога зборував за политизирањето на пописот, и за други теми во општеството, јас сум сепак оптимист, бидејќи, колку и да се обиде една одредена структура да внесе недоверба во институциите, еве во случајов Заводот за статистика кој ќе го спроведува пописот, на крајот, едвај ќе чекаат сите, да слушнат што е, и на крајот на краиштата, нема да биде прва и основна задача да се види кој што е во државата, тоа нормално ќе го прават п-р кујните, туку и таму, и таму и сите заедници имате бизнисмени, и ќе знаат колку треба да увезат производи, во квантитет, за да можат да го продадат во државата, а колку не, и низа други работи, бидејќи во крајна линија ќе падне во вода  национализмот, кој се обидува од една ваква операција да стекне политички профит. Бидејќи профитите се прават на сосема друг начин и користат за нешто сосема друго.

Дијана Тахири

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети


Симовски: Нема да дозволиме политизација на пописот, јавноста треба да ги знае сите детали

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ