Државната изборна комисија на 66 јавна седница, согласно Роковникот утврден, за сега веќе одложените, предвремени парламентарни избори имаше една точка на дневен ред: разгледување и поднесување на листа на кандидати за политичката партија „Твоја партија“.
„Твоја партија“ помина процедурално со прифаќање на кандидатските листи во три изборни единици и се одлучи согласно ждрепката дека ќе се наоѓа на 15 место на гласачкото ливче.
„Со оваа одлука се утврдени 15 кандидатски листи што ќе бидат на наредните вонредни или не знаеме какви парламентарни избори. Јас се надевам дека надлежните навреме ќе донесат одлука што ќе не упати како да постапуваме понатаму. Сè до тој момент ДИК, колку да се допаѓало некому или не, ќе си ги извршува своите законски овластувања“, изјави Оливер Деркоски, претседател на ДИК, на крајот од седницата.