• Latest
Оливер Деркоски/ Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Деркоски: Веројатно в среда ќе го заклучиме избирачкиот список

June 29, 2020
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

November 1, 2025

Украина обвинува за „нуклеарен тероризам“ по руските напади врз енергетската инфраструктура

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Молдавија го назначи проевропскиот Александру Мунтеану за премиер

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Деркоски: Веројатно в среда ќе го заклучиме избирачкиот список

June 29, 2020 14:45
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Оливер Деркоски/ Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Оливер Деркоски/ Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Веројатно в среда ќе го заклучиме избирачкиот список. Завршени се сите потребни активности, обработката на податоците. Не можам точниот број да го кажам, но 1.814.000 и неколку стотини гласачи ќе бидат на избирачкиот список на овие избори. Ќе почекаме до среда кога дефинитивно ќе го соопштиме точниот број. Потоа избирачиот список се обработува во нашите служби, се генерира за печатење во печатницата, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски одговарајаќи на новинарско прашање на денепната заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Тој информира дека по прес-конференцијата, целата Комисија ќе оди во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола за да се направи записник на прием на материјалите од кои ќе се изработуваат гласачките ливчиња и избирачките списоци пред да се почне со печатењето.

-Се снима целокупниот процес на печатење, броење, проверка на материјалот што ќе се користи како материјал за гласање на изборите, напомена Деркоски.

Претседателот на ДИК изјави дека сега за сега нема голем број барања за замена на членовите и замениците од избирачките одбори. Потсети дека согласно законот, познати се критериумите кои мора да се исполнат за изземање од член и заменик-член во избирачките одбори, сериозни здравствени причини, хронична болест од листата на хронични болести што е објавена на веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика и сериозни семејни причини за кои треба да се обезбедат докази. Барањето се доставува до ОИК, која одлучува за тоа, и по случаен избор од базата на МИОА, од јавната администрација се врши нов избор.

– Сите треба да бидеме свесни дека треба да дадеме свој придонес како граѓани на оваа држава за да се спроведе овој избирачки процес на најдобар можен начин, рече Деркоски.

Одговарајќи на новинарско прашање, повтори дека избирачкиот список е чист, ги содржи податоците на сите полнолетни граѓани кои имаат наполнето 18 години и имаат државјанство. Тоа се двата услова кои треба да ги исполни секој граѓанин за да биде на избирачкиот список, да го стекне своето право на глас или да биде биран.

– Постојаното чистење на списокот што се одвива во континуитет во ДИК, преку подрачните единици, континуираното квартално доставување од страна на МВР, доведува до тоа овој список да има високо ниво на прочистеност и граѓаните не треба да се грижат околу тоа дали или не е избирачкиот список во ред, рече Деркоски.

Прашан за гласањето на дијаспората, Деркоски укажа дека на овие избори ќе нема гласање на дијаспората согласно решението на претседателот на Собранието, кој, како што рече, утврди дека сите претходни дејствија кои беа преземени се завршени и поради тоа што нашата дијаспора кога имала можност не се пријавиле во доволен број.

Претседателот на ДИК воедно апелираше денот среда да се почитува како изборен молк.

Одговарајќи на новинарско прашање, Дерскоски рече дека изминатата недела членовите на ДИК извршиле теренска проверка на сите гласачки места низ државата. Биле дислоцирани голем број избирачки места, кои не ги задоволуваат определени критериуми – како проветреност на просторијата, големина на објектот и сл., кои биле наложени од здравствени власти. Информира дека замениле доста избирачки места, промениле локации во смисла обезбедено е доволно училници во училишата и гласање во спортски сали, онаму каде што има. Деркоски потенцираше дека во најголем дел од општините ова е средено, а остануваат само некои рурални средини со мал број гласачи, каде не е возможно да се најде поширока просторија, се гласа во приватни објекти кои ДИК го закупува.

Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ