Министерката за правда Рената Дескоска во интервју за емисијата „Фактор“ на 24 Вести, изјави дека не се разговара за нов специјален јавен обвинител со опозициската ВМРО-ДПМНЕ затоа што за тоа одлучува Советот на јавните обвинители. Како што појасни Дескоска уште се чека на предлогот за СЈО од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека нема да прифатат скриена амнестија.
„Имаа барање сите истраги и обвиненија кои започнале под 18 месеци да запрат, сите докази да бидат уништени и практично тоа значи амнестија, и таков тип на решение не можеме да прифатиме, вели министерката.-Сакам да потенцирам дека во досегашните разговор воопшто не била спомената Катица Јанева, не сме разговарале кој ќе биде нов специјален јавен обвинител. Не сме оптеретени дали ќе биде Катица, дали ќе биде Фатиме, дали ќе биде Ленче или ќе биде некој трет. Немаме ниту право да бираме, бидејќи според нашиот предлог специјалниот јавен обвинител го бира Советот на јавните обвинители. Ќе видиме кој ќе конкурира, и кого ќе изберат“, изјави Дексоска за Фактор.