• Latest

Десничарите го обвинуваат Мицотакис за предавство, левичарите за популизам во предизборието

September 9, 2019
Фото: ВИ

ИПАРД под сомнеж за 130 милиони евра: СДСМ алармира за скандал, Владата возвраќа со демант

November 23, 2025

(ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025) Гласовите на омразата што ја понижија демократијата: Сексизам, етнички поделби и национализам

November 23, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

Во Швајцарија почнуваат преговорите за американскиот мировен план за завршување на војната во Украина

November 23, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Почеток на крајот

November 23, 2025

Самоубиствена самоизолација

November 23, 2025
фото: Принтскрин Фејсбук ЦУК

ИЈЗ со итни препораки за поплавените подрачја: Да се користи флаширана или превриена вода

November 23, 2025

Турција ќе биде домаќин на Самитот за климата КОП31

November 23, 2025

Украина до ОН: Русија ќе запре само ако биде запрена – економски, политички и воено

November 22, 2025

Г20 повикува на праведен, сеопфатен и траен мир во Судан, ДР Конго, Украина и палестинските територии

November 22, 2025
Фото: wikimedia commons

Украина и САД почнуваат консултации во Швајцарија за завршување на руската војна против Украина

November 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Десничарите го обвинуваат Мицотакис за предавство, левичарите за популизам во предизборието

September 9, 2019 17:01
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Дел од грчките опозициски партии упатија остри критики до премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис за неговиот говор на отворањето на Меѓународниот саем во Солун во саботата вечерта, како во однос на ставовите за економската политика, така и за Договорот од Преспа, jави дописничката на МИА од Атина.

Од СИРИЗА велат дека Мицотакис во пракса ја призна потребата од почитување на Договорот од Преспа, од МЕРА25 коментираат дека „изненадува молкот на грчкиот премиер“, а од Грчко решение, дека Владата го „предала светото име Македонија на Скопјаните“.

– Господинот Мицотакис од Солун, од Меѓународниот саем во Солун, во опширен говор од околу 7.000 зборови не најде ниту еден збор да каже за македонското прашање, ниту еден збор за Договорот од Преспа, а во изминатиот период се појавуваше како „македономахос“ (борец за Македонија н.з.). Сега по изборите, се чини дека има одлучено дека Договорот од Преспа, сепак, не е предавнички како што велеа предизборно членовите на Нова демократија, туку е договор што треба да се почитува без отстапки, како и што велат министрите во писмата што ги испраќаат до нивните колеги од Северна Македонија, рече портпаролот на СИРИЗА, Алексис Харицис во интервјуто за радиото „Параполитика“, коментирајќи го говорот на Мицотакис во саботата.

Од МЕРА25, партијата на поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, наведуваат дека молкот навистина изненадува ако се земе предвид патриотската пасија со која предизборната Нова демократија беше во сеопфатната борба против договорот.

– Единственото споменување во неговиот говор се однесуваше на македонските производи и нивната заштита! Партиската јавност на Киријакос Мицотакис не изгледаше изненадена од оваа бучна тишина. Ако нешто ни покажува сето ова е токму хипокризијата на премиерот од една страна и инструментализацијата на чувствителното прашање за северна Грција од друга страна, со единствена цел победа на изборите, соопштуваат од МЕРА25.

Од десничарски ориентираната партија Грчко решение велат: „Господине Мицотакис, вие можете да ги остварите вашите контакти со странците, но грчкото општество сфати! „Ја продадовте“ Македонија за премиерската фотелја“.

 

Share36Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Почеток на крајот

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Полскиот амбасадор во Русија нападнат од „агресивна група“ демонстранти во Санкт Петербург

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Пробив на Балканот за Украина: Србија во НАТО & Косовскиот модел во Донбас

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ