• Latest
Фото: ВИ

ИПАРД под сомнеж за 130 милиони евра: СДСМ алармира за скандал, Владата возвраќа со демант

November 23, 2025
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ИПАРД под сомнеж за 130 милиони евра: СДСМ алармира за скандал, Владата возвраќа со демант

Опозицијата тврди дека министерот Трипуновски крие информации за суспензијата на европските средства, додека Владата уверува дека процесот е целосно транспарентен.

November 23, 2025 15:33
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: ВИ

Фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Две недели по скандалот со суспензијата на средствата од ИПАРД програмата, СДСМ обвинува дека министерот за земјоделство Цветан Трипуновски не дава одговори на клучните прашања поврзани со причините, роковите и последиците од блокадата на европските фондови. На прес-конференција, портпаролката Богданка Кузеска објави дека министерството испратило само општи законски рамки и цитати од регулативи, без ниту една конкретна информација.

„Нема збор за причините, нема рокови, нема план. Едно големо ништо“, изјави Кузеска, оценувајќи дека таквиот одговор е навреда за илјадници земјоделци, 3.000 нови бизниси и потенцијални 10.000 работни места кои директно зависат од ИПАРД-поддршката.

Според СДСМ, суспензијата на над 130 милиони евра не е административна формалност, туку сериозен удар врз компании и индивидуални производители кои веќе вложиле средства и се задолжиле.

„Овие луѓе имаат право да знаат до кога ќе трае суспензијата и кој ќе ја покрие штетата“, порача партијата.

Кузеска повтори дека министер кој јавно тврди дека не чувствува одговорност „нема кредибилитет да биде на чело на ресорот“ и додаде дека избегнувањето на медиумски настапи и пратенички прашања е доказ дека „нема какви аргументи да понуди“.

СДСМ најави дека нема да отстапи од барањата за целосни и транспарентни одговори, како и за политичка одговорност.

Реакција од Владата: „Нема прикривање, институциите се транспарентни“

Владата ги отфрли ваквите обвинувања како неосновани. Портпаролката Марија Митева изјави дека нема скриени информации и дека институциите работат согласно процедурите.

„Апсолутно го отфрлам тврдењето дека се крие нешто. Максимално сме транспарентни“, рече Митева, додавајќи дека Министерството за земјоделство и другите надлежни органи – вклучително и судските – ќе ги соопштат сите релевантни податоци.

Средствата од ИПАРД 3 програмата (2021–2027) се привремено суспендирани поради сомнежи околу работењето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Како превентивна мерка, исплатите се стопирани се додека не се завршат проверките.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ