• Latest

Деца, сите во затвор, вие сте криви за сѐ што ни се случува

May 6, 2023

Зеленски во Вашингтон: Одбранбена автономија, нови санкции и разбивање на руските хибридни операции

July 29, 2026

Оленивка: Масакрот врз украинските заробеници, руските лаги и четири години борба за правда

July 28, 2026

Од „Нежната сингуларност“ до „веќе сме во неа“: Една година подоцна, Алтман ја надградува пораката, суштината останува иста

July 28, 2026
Сем Алтман, ТЕД, 2025 (фото извор: Википедија)

Нежната сингуларност

July 28, 2026

Демократијата се дави во дигиталниот шум

July 28, 2026
Чешма (фото извор: Викимедиа)

ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА ВО ГОСТИВАР: Водата безбедна само за миење, одговорност за над 4.000 затруени граѓани сè уште нема

July 27, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Неписмени дипломци

July 27, 2026

Кога и цртањето на табла не помага

July 27, 2026

За ослободувањето на украинските цивилни затвореници

July 26, 2026

Дебилност или имбецилност

July 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Деца, сите во затвор, вие сте криви за сѐ што ни се случува

Повод за овој текст се предлозите за намалување на возраста за кривична одговорност на децата во Србија.

May 6, 2023 14:42
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ИГОР ЈУРИЌ

Смачено ми е од тие што ги обвинуваат децата и „нивните права“ за оваа ситуација. Децата мора и треба да ги имаат своите права. И немаше да има ни најмал проблем доколку ние возрасните си ги исполнивме обврските. Дека детето не треба да ни биде играчка, туку да се занимаваме со детето. И секој родител, секоја установа и институција која се занимава со своите деца, нема проблем со правата на детето…

Велите „од 14 треба да ја спуштиме кривичната одговорност на 12, а зошто да не и на 10 години…“ Ми велите дека ова не е лицемерие? Ми кажувате дека на овој начин не ја префрламе одговорноста од нас возрасните на детето?

Или полесно ни е да се оправдаме себеси, возрасните, да се извлечеме од одговорноста дека не работиме и ги запоставуваме децата? Да, така го признаваме поразот, поразот на нас возрасните, на родителите… И велиме пред цел свет, кај нас за сѐ се криви децата.

Не сме ние виновни. Ние возрасните, ние родителите, ние што водиме разни организации, ние парламентарците, ние министрите, ние претседателите… толку сме совесни, толку одговорни, не можеме да се опоравиме од макотрпната работа со децата и погледнете… погледнете како ни враќаат, ужасни се!

Деца, сите во затвор, вие сте криви за сѐ што ни се случува, заради вас треба да градиме затвори! Веднаш, по раѓањето, штом добиете сила да ја држите тропалката и така злобно да го удрите родителот по нога, рака или не дај боже во глава – во затвор! Бидејќи сте толку злобни, немаш право на нас добро, ние родителите, кои се бориме за вас, спремни да ви купиме телефон, патики, … и што уште сакате од нас?

И затоа, затвор. Затворот е за вас деца. И ако размислите, можеби ќе ви биде подобро без нас. Всушност, можеби нема да можете да направите разлика помеѓу луѓето со кои го делите времето во затворот и во вашиот дом. Бидејќи, колку што ги познавате оние во затвор, веројатно не ги познавате ниту помалку ниту повеќе оние во вашиот дом…

И за крај, секој од нас нека се запраша дали всушност сме лицемери. Секој од нас нека одвои 5 минути, да седне и да размисли: „А што направив јас за да не се случи сето ова? Што направив за моето, а што за туѓото дете? Каков пример давам? Како се однесувам на улица, на моето работно место?“

Кога и колку време одвоив да му помогнам на моето дете или на туѓото дете, ако детето има проблем со учењето, дали има проблем со насилството од врсниците, дали е жртва на злоупотреба во соседството? Кога разговарав со дете кое споделува лоша и штетна содржина на интернет? Всушност, кога сум галел дете и му кажав убав збор?

Не, нема да им го префрлиме сево ова на децата. Не дозволувам. И ќе се борам докрај ова да не се случи. За сета наша негрижа нема да ги обвинуваме најмалку виновните за тоа. Тоа е срамно. Тоа е патетично. Тоа е обичен кукавичлук.


Авторот е поранешен спортист. Неговата ќерка, Тијана Јуриќ, на 15-годишна возраст, беше киднапирана и убиена во 2014 година. Нејзиниот татко, автор на овој текст, е основач на Фондацијата „Тијана Јуриќ“.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ