• Latest

Децентрализацијата стагнира повеќе од една деценија, се дискутира интензивирање на процесот

September 1, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Децентрализацијата стагнира повеќе од една деценија, се дискутира интензивирање на процесот

September 1, 2019 12:44
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на Министерството за локална самоуправа, претставници на ЗЕЛС, градоначалници, претставници на надлежни министерства и експерти, викендов во луксузниот хотел „Радика“ во Маврово, разговараа за процесот на децентрализација и за подобрувањето на функционалноста на општините.

„Заеднички беше заклучокот дека процесот на децентрализација повеќе од една деценија стагнира, за што зборува големата финансиска зависност на локалната самоуправа од централната власт, особено на помалите и на руралните општини и е потребен дополнителен трансвер на средства од буџетот на државата за да можат да се превземат нови надлежности, но исто така беше констатирано дека општините покажуваат низок фискален капацитет и недоволна ангажираност во собирањето на приходите од локалните даноци и такси“ – се вели во соопштението од Министерството за локална самоуправа, известува државната новинска агенција, МИА.

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, истакна дека продолжуца дијалогот меѓу централната и локалната власт за промените што се неопходни.

„Едно од најважните прашања е дали надлежностите што сега се утврдени во Законот за локална самоуправа општините ги остваруваат во полн капацитет, кои се тие надлежности за кои има потреба и услови да бидат дополнително пренесени и како сегашниот систем на финансирање да биде редизајниран на начин кој што нема да создава дополнителен финансиски и развоен јаз меѓу општините“ – рече Милевски.

Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, истакна дека се нужни промени во надлежностите и во начинот на финансирање на општините затоа што, како што рече, во спротивно проблемите ќе треба да се решаваат со нова територијална организација.

Тој истакна и дека ЗЕЛС се залага за зголемување на приходите од данокот на додадена вредност и од персоналниот данок, средства од игрите на среќа, пренесување на нови надлежности и установи во областа на превентивнта здравствена заштита, социјалната заштита, во областа на културата, управувањето со земјоделското земјиште, комунални редари со поголеми овластувања, издавање на документи од матичната евиденција, подобрување на функциите на противпожарната заштита, како и надминување на преклопувањето на надлежности меѓу градот Скопје и општините во градот Скопје.

Дијалогот меѓу централната и локалната власт го поздрави и заменичката на постојаната претставничка на УНДП, Сања Бојаниќ.

На форумот се разговараше и за механизмите и капацитетите на општините за граѓанско учество и развој на локалната демократија, како и за статусот и за начините на подобрување на функционалнаста на месната самоуправа. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ