Шеснаесет годишна девојка вчера беше брутално избодена со нож и претепана до смрт на фреквентна улица во Њу Делхи, главниот град на Индија, што предизвика нов гнев поради безбедноста на жените во земјата и насилство извршено од мажи.
На снимката од инцидентот, кој трае повеќе од една минута и е снимен со безбедносна камера, се гледаат повеќе луѓе како минуваат во близина, додека напаѓачот постојано ја удира жртвата. Прикажан е само еден маж кој се обидува да го тргне напаѓачот од жртвата, по што брзо се повлекол.
Телото на жртвата е пронајдено синоќа во областа Шахбад Даири во делхискиот кварт Рохини, каде што се случил инцидентот, пишува Си Ен Ен. Вчера попладне индиската полиција соопшти дека уапсила маж осомничен за убиство.
Станува збор за механичар кој бил приведен во Буландшахр, во соседната држава Утар Прадеш, изјави за новинарите Рави Кумар Синг, заменик началник на полицијата.
Ја видов ќерка ми како лежи со лицето кон земја. Се гледаа нејзините органи, а главата и беше смачкана. Лежеше безживотно. Немаше смисла да ја однесам в болница. Лут сум што никој не и помогна на ќерка ми. Да и помогнаа, денес ќе беше жива. Слушнав и дека случајните минувачи го снимале со телофони инцидентот. Дури и да врескаа, тоа ќе и помогнеше на ќерка ми, изјави таткото на девојчето во интервју за Си Ен Ен.
Г. Т.