Претседателот на Собранието, Талат Џафери, обвини дека државниот ревизор, АВМУ, МРТВ и ред други важни унституции се жртви на политички инаети и несогласувања меѓу политичките партии.
“Моја надлежност е да свикам пленарна седница за тие точки ако завршува работата во комисија, или да свикам седница на комисија ако претседателот на комисијата не го направи тоа. Ние имаме свикување на комисија но немаме епилог заради негогласувања и партиски инаети”, изјави меѓу другото Џафери. Тој потсети дека државен ревизор немаме веќе една година а тоа е многу важна институција, затоа ги повика партиите да ги остават инаетите и да ја надминат ситуацијата.
А. Зеќири












