Од кабинетот на Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, соопштија дека тој, согласно законските обврски, денеска (8/2/2019) во 17:30 часот, ќе го потпише решението за распишување на претседателските избори. Потпишувањето ќе биде во Кабинетот на претседателот.
Веднаш по потпишувањето на решението, претседателот Талат Џафери ќе даде изјава за медиуми.