• Latest

Џафери останува на ставот да се изгласа дневниот ред на 36. седница, па потоа приоритетните антикризни закони

March 24, 2021

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери останува на ставот да се изгласа дневниот ред на 36. седница, па потоа приоритетните антикризни закони

March 24, 2021 15:03
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери засега останува на ставот дека пратениците треба најнапред да го изгласаат дневниот ред на 36. седница и притоа да се утврдат приоритетни точки за гласање, а не, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, да се одржи посебна седница на која би се изгласале одлуката за продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница и трите закони поврзани со антикризните мерки за Ковид-19.

Од Кабинетот на Џафери за МИА велат дека на прес-конференцијата во понеделникот претседателот на законодавниот дом образложил зошто мора да биде така повикувајќи се на членови на Деловникот за работа на Собранието, и оти на дополнителни прашања во врска со оваа тема ќе одговара на утрешниот редовен брифинг со новинарите.

-Пленарните седници се свикуваат врз основа на членот 68 од Деловникот за работа на Собранието. Јас сум ја свикал седницата на 9-ти за да се одржи на 23-ти, рече Џафери на прес-конференцијата, нагласувајќи дека не прифаќа ултимативни барања од опозицијата.

Тој тогаш кажа дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на координацијата понудила решение со тоа што нивните пратеници ќе направат кворум за да може да се донесат одлуката за кризната состојба и трите закони за поврзани со ковид- мерките. Џафери рече дека на координацијата укажал дека тоа е спротивно на закон и на процедурите.

-Усвојувањето на дневниот ред е надлежност на пленумот, а не слободна волја на предлагачот на дневниот ред, претседателот на Собранието па да може да се прави калкулации, рече Џафери.

Освен брифинг со новинарите, во Собранието утре треба да се одржи и седница за поставување пратенички прашања.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска го повика Собранието утре пред седницата за пратенички прашања да се свика седница само за одлуката за кризната состојба и за трите антикризни закони.

Во изјава за медиумите, пак, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев кажа дека утре ќе одржи средба со претседателот на Собранието Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети, со цел, како што рече, да се разгледаат одредени можности за одблокирање на Собранието.

Изрази надеж дека блокадата на Парламентот е од времен карактер поради позитивни пратеници на Ковид-19, по чие враќање ќе се стави во функција Собранието за поголем дел од точките на дневен ред и поважните закони.

Владејачкото мнозинство во Собранието во моментот брои 62 пратеници, а двајца од нив се позитивни на Ковид-19. Поради тоа мнозинството не може да обезбеди кворум за работа и да се гласа за одредени закони, доколку опозицијата не присуствува на седниците. Дополнително, пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива со над 32.000 амандмани блокираат 20 закони, меѓу кои и одлуката за продолжување на кризната состојба со околу 400 амандмани, поради неподдршката за нивниот Закон за државјанства.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ