• Latest

Џафери: Пријателските врски меѓу Северна Македонија и Турција се силни и се најцврстата основа врз која ги градиме нашите идни релации

December 21, 2022
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Џафери: Пријателските врски меѓу Северна Македонија и Турција се силни и се најцврстата основа врз која ги градиме нашите идни релации

December 21, 2022 18:41
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е богата земја во која посебноста на секоја заедница, како нејзин заштитен знак и идентитет, во природна симбиоза со другите посебности, претставува одличен пример и автентичен индикатор за степенот на демократска зрелост и изградена граѓанска свест во нашето општество, истакна претседателот на Собранието, Талат Џафери на настанот по повод одбележувањето на 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик, во организација на МАТУСИТЕБ и ТИКА.

Џафери на настанот на кој присуствуваше и претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп, потенцираше дека пријателските и роднинските врски помеѓу граѓаните на нашите две земји се силни, историски, традиционални и топли и тие се најцврстата основа врз која ги градиме нашите идни билатерални и мултилатерални релации.

– Можностите за заемна поддршка и соработка се бескрајни, почнувајќи од за мене многу значајните парламентарни односи и соработка на билатерално ниво, на мултилатерално ниво, во рамките на меѓународните парламентарни собранија каде што сме заедно членки и партнери како ПС на СЕ, ПС на НАТО, ПС на ОБСЕ и Интерпарламентарна Унија, во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, и секако во ПАБСЕК каде заедно придонесуваме во градење на подобар свет за сите. Пораката што мојот драг колега Шентоп ја испрати минатата година до граѓаните на Северна Македонија кога се обрати во законодавниот дом и рече дека „при секое доаѓање овде се чувствува како дома“, се зборови кои што сакам и јас да ги упатам денес затоа што Турција секогаш била наш искрен пријател, силна поддршка и верен партнер во секој чекор што го преземаме како држава. Затоа, Ви посакувам топло добредојде во Северна Македонија и дозволете да ја искористам оваа прилика и Вам драг колега Шентоп, на сите присутни во салава, меѓутоа и на сите наши сограѓани, припадници на турската заедница, да ви го честитам овој празник со кој и институционално, и како граѓани на Северна Македонија, изразуваме почит кон културата, идентитетот и посебноста на турската заедница, која е дел од мноштвото култури, обичаи и јазици кои ја красат Северна Македонија, посочи Џафери.

Џафери упати честитки посакувајќи светлината на знаењето го осветли нашиот пат кон подобро утре за нашите граѓани.

Tags: Големо национално собрание на ТурцијанаставаПретседател на Собраниетурски јазик
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ