• Latest

Џафери: Пристапот кон ревизорските извештаи треба да е униформен и објективен, без оглед кој е на власт

July 8, 2021
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Пристапот кон ревизорските извештаи треба да е униформен и објективен, без оглед кој е на власт

July 8, 2021 12:38
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Она што е  важно при разгледувањето на ревизорските извештаи е да премине во навика, да постои високо ниво на единственост помеѓу различните политички опции, да биде објективно при што ќе биде ирелевантно кој е носител на извршната власт или на која политичка опција припаѓа определен избран функционер, односно независно од тоа кои партии се на власт, а кои во опозиција, пристапот во третирањето на ревизорските извештаи треба да биде униформен, објективен, транспарентен со високо ниво на стручност во читањето, разбирањето и одлучувањето по ревизорските извештаи од страна на пратениците“,  истакна претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната онлајн промоција на твининг проектот во Европската куќа во Скопје, финансиран од Европската Унија (ИПА програма 2018) „Подобрување на надворешната ревизија и Парламентарниот надзор“.

Џафери нагласи дека со поддршка на ЕУ реализирани се две студиски посети на пратеници со цел размена на искуства за тоа кои реформски чекори треба да ги преземе Собранието особено правни и институционални во насока на воспоставување одржлив систем на соработка со ДЗР во делот на надзорот на трошењето на јавните средства и поголема отчетност на органите и институциите во јавниот сектор кои се користат од буџетот на државата и при тоа посочи дека во Собранието веќе се започнати консултации за формалното третирање на ревизорските извештаи во насока на воспоставување на ефективен механизам на разгледување на ревизориските извештаи и донесување заклучоци.

„Најсоодветно тело за разгледување на извештаите е Комисијата за финансирање и буџет, но се размислува и за формирање на поткомисија во рамки на комисијата.Треба да се направат измени и дополнувања на Законот со кои би се вовела законска обврска за разгледување на ревизорските извештаи бидејќи во моментов истите се доствуваат во Собранието само за информирање.  За таа цел во стратешкиот план на Собранието за 2021-2023 се планира да се вгради механизам на доставување на конечните ревизорски извештаи со групирање по теми, запознавање на пратениците со истите и разгледување на конечните ревизордски извештаи во Собранието“, рече Џафери.

Во рамките на овој твининг проект првиот чекор е подготовка на меморандум за сорабтка помеѓу Собранието и ДЗР за кој, вели, се надева дека ќе може да се потпише до крајот на август бидејќуи нацрт меморандумот е подготвен и ќе биде презентиран во Собранието.

Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегација на Европска унија во Република Северна Македонија истакна дека ефикасен систем за јавни финансии е предуслов за развој на една држава, го намалува процентот на корупција и се гради довербата кај граѓаните за тоа како се користат финансии. Овој проект очекува дека ќе биде корисен и важна алатка за споделување на добрите практики предлози и идеи врз основа на најдобрите модели што ги има во ЕУ. и ќе придонесе значајно во процесите на ревизијата, зајакнувањето на надворешните ревизии и зајакнувањето на парламнетарниот надзор

„Реформирањето на јавните финансии е клучен дел за пристпот во ЕУ и затоа е многу важно да се започнат овие реформи за интеграција во ЕУ, но пред се за интерес на еконосмскиот развој и во интререс за сите. ЕУ ги поздравува реформите за управување во јавните финансии вклучувајќи го и зајакнувањето на надворешната ревизија. Во последните неколку години ЕУ ги поддржуваше јавните финансии со околу 35 милиони евра. Овој проект е уште еден доказ дека ЕУ останува со вас поддржувајќи го овој важен сектор и сите предизвици кои престојат“, рече амбасадорот Гир.

Главниот ревизор на Државниот завод за ревизија, Република Северна Македонија, Максим Ацевски меѓу другото истакна дека врвните ревизорски институции можат да ја исполнат својата задача објективно и ефективно само ако се независни од субјектите на ревизија и ако се заштитетни од надворешни влијанија. Имајќи предвид дека членството во ЕУ е врвен приоритет на РСМ искуствата кои ги имаат врховните ревизорски институции на земјите членки на ЕУ се од суштинско значење за осигурување на оперативната и финансиската независност на ДЗР преку зајакнување на законската рамка за државна ревизија.

„ДЗР обезбедува поддршка на Собранието во исполнување на неговите надлежности преку идентификација и презентација на соодтветно постапување при користењето на јавните средства, можни случаи на корупција и злоупотреба на функцијата. Успешната реализација на овој твининг проект ќе помогне да ја подобриме ефикасноста и влијанието на надворешната ревизија во државата преку поматамошно усогласување на правната рамка, развивање на методологијата, зајакнување на капацитетите на ДЗР за ефикасно спроведување на надворешните ревизии како и зголемување на Собрансикиот надзор врз јавните фондови и подобрување на сорабиотјата меѓу ДЗР и Собранието“, рече Ацевски.

Проектот го спроведува Државниот завод за ревизија (ДЗР) на Република Северна Македонија, во соработка со твининг партнери од земји членки на ЕУ – Државниот завод за ревизија на Република Хрватска и Национален завод за ревизија на Република Бугарија. Покрај тоа, Собранието на Република Северна Македонија, се посочува во најавата за настанот, е исто така важен партнер во спроведувањето на проектот.

Во текот на проектните активности, ќе се организираат обуки за повеќе од 90 учесници, и ќе бидат спроведени голем број тркалезни маси и работилници. Во здружена работа со експертите од земјите- членки, ревизорите на ДЗР ќе спроведат 15 пилот ревизии во седум области на ревизија, а 45 ревизори од ДЗР ќе стажираат во земјите-членки на ЕУ и ќе бидат организирани 6 студиски патувања во партнерските институции во земјите на ЕУ. Во проектот ќе бидат вклучени повеќе од 40 краткорочни експерти од Р..Хрватска, Р. Бугарија, Р. Естонија , и С.Р. Германија.

Проектот започна на 1 февруари 2021 година, временската рамка за негово спроведувње е 21 месец, а буџетот на проектот е 1,5 милиони евра.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ