• Latest

Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

August 25, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

August 25, 2025 12:29
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Опозицијата жестоко реагира на последните потези на власта во однос на изборниот процес, оценувајќи дека се отвораат сериозни можности за манипулации и злоупотреби во корист на владејачката партија. Според нив, однесувањето на Владата и на премиерот Христијан Мицкоски е показател за стравот од губење на голем број гласови на следните избори.

Во јавноста веќе се коментира дека ВМРО-ДПМНЕ изгубилe над 100 илјади гласови во изминатиот период, а дел од анализите и анкетите ја потврдуваат оваа тенденција. Токму поради тоа, опозициските партии тврдат дека власта посегнува по „инструменти“ со кои се загрозува демократијата и се остава простор за изборни нерегуларности.

Пред повеќе месеци Уставниот суд донесе одлука да го укине спорниот дел од Изборниот законик, со кој беше пропишан висок праг на потребни потписи за независните кандидатски листи. Но, Владата реагираше дури по распишувањето на изборите, поднесувајќи предлог-измена во Собранието во последен момент.

Обидот заврши без успех – дел од пратениците на коалицијата ВЛЕН не се појавија, што спречи обезбедување на бадентеровото мнозинство, иако опозициската СДСМ најави дека ќе даде поддршка. Со тоа, измените пропаднаа, а независните листи повторно се доведени во неизвесна состојба.

Според опозицијата, токму ова одолговлекување и несериозниот пристап на Владата покажуваат дека владејачката коалиција намерно остава отворен простор за нерегуларности и манипулации.

Дополнителни реакции предизвика и изјавата на премиерот Мицкоски, кој повторно ја посочи СДСМ и ДУИ како главни виновници за состојбите во државата.

– Дури и една година по преземањето на власта, за сите проблеми виновни се СДСМ и ДУИ – тоа е најдобар доказ за целосна неспособност да се управува со државата, велат од опозицијата.

Премиерот Мицкоски не ја исклучува и можноста да се создаде проблем во изборниот процес со оглед на тоа што независните кандидати можат да учествуваат со само два потписа од граѓани од изборната единица, што пак може да го зголеми бројот на кандидати и да направи гласачкото ливче да биде долго и збунувачко, но како што истакна, ако тоа се случи и изборите бидат неуспешни Владата има уствно и законско право и можност да именува владини повереници во општините.

На ова реагираше СДСМ и истакна дека „во очи на локалните избори, премиерот Христијан Мицкоски отворено најавува суспендирање на Уставот и волјата на граѓаните. Неговата изјава за поставување „владини повереници“ претставува директен напад врз уставниот поредок и граѓанската волја“.

„Ова не е ништо друго освен дрзок обид за узурпација на власта, суспендирање на законите, изборниот процес и заобиколување на граѓанската волја“, истакнуваат од СДСМ.

Опозицијата најавува дека ќе го следи внимателно секој чекор на власта и ќе реагира на секоја можност за злоупотреба на изборниот процес.

– Ова не е само борба за партиски интереси, туку за одбрана на демократијата и правото на граѓаните нивната волја да биде фер и транспарентно претставена, велат од опозицијата.

Политичката сцена во земјава е силно поларизирана во пресрет на изборите. Владејачката партија се соочува со сериозни критики дека не успева да испорача резултати во економијата и во справувањето со корупцијата, додека опозицијата ја обвинува за потези со кои намерно се блокира политичкиот плурализам.

Во ваква атмосфера, изборниот процес станува клучна точка на конфронтација. Прашањето дали ќе се обезбедат фер услови за сите кандидати, особено за независните листи, останува отворено и ќе биде под будно око и на јавноста и на меѓународната заедница.

Дестан Јонузи/Фронтлајн

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ