• Latest
Одбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје. Фото: Цивил Медиа

Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

August 24, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

August 24, 2025 20:12
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Одбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје. Фото: Цивил Медиа

Одбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје. Фото: Цивил Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

Со свечена церемонија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје се одбележа Денот на независноста на Украина која ги обедини обедини дипломатите, украинската заедница и пријателите на Украина во заедничка порака на слободата и отпорноста.

Интонирани беа химните на Украина и Северна Македонија, а потоа следуваше минута молк за паднатите херои на Украина.

Во своето обраќање, амбасадорката на Украина во Скопје, Лариса Дир потсети на тешката борба на својот народ.

„Нашите војници држат фронтовска линија долга 1.300 километри. Украина посакува мир повеќе од кој било друг, но за тоа ни е потребна поддршка,“ порача таа.

Амбасадорката ја истакна надежта дека заедно со своите партнери, меѓу кои и Северна Македонија, Украина ќе ја извојува праведната битка.

„Независноста е суверенитет, тоа е право на слободен избор. А тоа е она за кое ние се бориме секој ден,“ додаде таа.

По обраќањето на амбасадорката Дир, Бискупот Киро Стојанов одржа молитва за Украина.

„Во војната нема победници, сите се губитници,“ рече Бискупот по молитвата, потсетувајќи дека мирот не е алтернатива, туку единствена опција за човештвото.

Претседателот на украинската заедница во Северна Македонија, Олександр Урбанович во своето обраќање ја истакна болката на својата татковина.

„Наместо со радост, веќе три и пол години независноста ја славиме со тажни срца. Милиони Украинци се раселени, илјадници мајки нема да ги дочекаат своите деца,“ рече тој. Урбанович искрено се заблагодари на Македонија и на европските сојузници што, како што истакна, „ѝ даваат сила на Украина да опстане“.

Културниот дел од програмата го отвори украинскиот пијанист Игор Панченко кој се претстави со пијано-рецитал.

Потоа присутните можеа да ја погледнат поставената изложба „Пред/После“ на Украинскиот институт, која сведочи за уништеното културно наследство на Украина како резултат на руската агресија.

Украинската амбасада и нејзините партнерите  ја искористија оваа пригода за да ја поддржат и промовираат кампањата за прибирање финансиски средства, иницирана од украинското МНР и платформата UNITED24. Кампањата е насочена кон набавка на спасувачки роботски системи, кои ќе се применуваат за евакуација на повредени, доставување залихи и деминирање во најопасните региони.

Фото: Цивил Медиа

 

 

Tags: Ден на независноста на УкраинаСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ