Претседателот на Собранието, Талат Џафери синоќа на дебатната емисија Клик Плус изјави дека не може да се спроведат истовремено претседателските и предвремените парламентарни избори, доколку парламентарните би се спровеле според моделот од Пржинскиот договор.
„Ако една од партиите бара предвремени парламентарни избори, треба да обезбеди мнозинство за техничка влада. Во согласност со Пржинскиот договор, постојат рокови што не можат да се исполнат за да има предвремени парламентарни избори паралелно со претседателските. Тоа би можело да се случи само доколку ги сменат и поплнат законите што произлегоа од Пржинскиот договор“, изјави Џафери.
Д. Т.