• Latest

„Џаст Секјурити“: Планот на Северна Македонија за реинтеграција на повратниците од ИД – добар модел и за другите западни земји

September 15, 2020
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Џаст Секјурити“: Планот на Северна Македонија за реинтеграција на повратниците од ИД – добар модел и за другите западни земји

September 15, 2020 12:22
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Една од најмалите членки на Глобалната антитетористичка коалиција според бројот на жители, Северна Македонија изработи сеопфатна стратегија за реинтеграција на околу 40 нејзини државјани, повеќето жени и деца, кои изминативе години беа во редовите на терористичката организација Исламска држава (ИД), објави американскиот портал специјализиран за безбедносни прашања „Џаст секјурити“.

– Планот, кој е политички, финансисики и технички поддржан од меѓународната заедница, ги опфаќа и терористите кои наскоро треба да бидат ослободени од затвор. Оваа иницијатива на Северна Македонија може да стане модел и за другите западни земји, оценува порталот.

„Џаст Секјурити“ посочува дека 83 од вкупно 156-те македонски државјани кои престојувале на териториите во Ирак и Сирија што беа под контрола на ИД, веќе се вратиле дома и безбедносните служби внимателно ги следат, па заканата од нив не е голема или е под контрола, барем во догледен рок.

Северна Македонија е меѓу првите земји што изработија национална рамка со мултидисциплинарен пристап за решавање на комплексот ризици и потреби што ги имаат повратниците. Планот е за пофалба од повеќе причини. Тој вклучува повеќе институции и чинители потребни за успех, имајќи ја предвид сложената динамика, како за повратниците, така и за општеството во кое повторно се вклопуваат. На пример, планот ги опишува улогите и одговорностите на различните национални институции, почнувајќи од разузнавачки агенции до здравствени власти кои можат да преземаат функции како што се утврдување дали има доволно докази за гонење на повратник, проценка на нивото на ризик што тој или таа го претставува, оценување на нивните здравствени потреби и слично. Од вака собраните информации потоа се утврдува какви механизми на гонење, советување, социјална поддршка или други услуги треба да бидат преземени, се наведува во анализата.

Според порталот, позитивни карактеристики на планот се и значајната улога на граѓанскиот сектор, кој најчесто има подобар пристап до поединците и заедниците што биле под влијание на насилниот екстремизам, како и грижата за психосоцијалните потреби на повратниците, пред се на децата, кај кои е можен задоцнет развој, посттрауматско стресно нарушување, анксиозност и депресија.

– Покрај горенаведеното, планот има и други ветувачки карактеристики. Тие вклучуваат изработка на програми прилагодени за решавање на специфичните потреби на жените и децата и потребата за тековно следење и проценка на планот, додава „Џаст секјирити“.

Според порталот, реинтеграцијата на повратниците од ИД би можела да се соочи со најмалку три предизвици, од кој првиот се однесува на капацитетите на институциите за спроведување на планот, вториот е поврзан со обезбедување соработка помеѓу институциите за спроведување на законот и повратниците, и третиот е обезбедување услови планот да не се фокусира само на самите повратници, туку и на оние кои се изложени на ризик од радикализација.

– Треба да се обрне внимание и на намалување на стигмата што често ги опкружува повратниците и членовите на семејството и да се бара од другите лица да го поддржат нивното повторно вклучување во заедницата, сметаат авторите на анализата.

Според „Џаст секјурити“, Владата на Северна Македонија заслужува признание за ваквата амбициозна и добро осмислена програма за реинтеграција.

– Таа не само што ќе им биде од полза на жителите на Северна Македонија и на повртаниците, туку може и да им помогне и на другите држави кои се соочуваат со предизвикот за реинтегрција на вратените странски борци и членовите на нивните семејства, заклучува американскиоит портал.

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ