Германската ДХЛ, која е светски лидер во логистиката, се придружи на санкциите кои голем број водечки светски компании ги воведоа кон Русија по нејзината инвазија врз Украина.
Компанијата ги суспендираше пратките во Русија и Белорусија откако руските трупи ја нападнаа Украина. Според Укринформ, ова е наведено од компанијата во соопштението за медиуми.
„Нашите влезни услуги кон Русија и Белорусија се суспендирани, поради што ние исто така не прифаќаме испораки во тие земји до понатамошно известување“, соопшти ДХЛ.
Од ДХЛ потенцираат дека компанијата внимателно ја следи ситуацијата и ќе ги информира клиентите за секој понатамошен развој.