• Latest

Џолев: Во брзо време ќе има оценка на обвинението за организаторите на 27 април

September 30, 2019
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Џолев: Во брзо време ќе има оценка на обвинението за организаторите на 27 април

Секогаш на закажните претреси за оценка од страна на одбраната поднесувани се барања за изземање на судиите, на кои што судот позитивно одговараше. Тоа се причините поради кои досега не е оценето тоа обвинение. Секако и судската ферија допринесе малку подолго од очекувањата да трае тоа оценување на обвинението, изјави Џолев.

September 30, 2019 13:06
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Оценката на обвинителниот акт за организаторите на настаните од 27 април ќе се случи во брзо време, изјави денеска претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев.

Посочи дека од страна на Кривичниот суд повеќе пати е определуван Совет за оценка на обвинението, но на закажаните претреси одбраната поднесувала барања за изземање на судиите и досега осум од вкупно девет судии во одделението за организиран криминал се изземени.

– Секогаш на закажните претреси за оценка од страна на одбраната поднесувани се барања за изземање на судиите, на кои што судот позитивно одговараше. Тоа се причините поради кои досега не е оценето тоа обвинение. Секако и судската ферија допринесе малку подолго од очекувањата да трае тоа оценување на обвинението, изјави Џолев.

Посочи дека речиси цело одделение судии од организиран криминал по различни основи досега учествувале во првиот предмет „27 април“ и дека веројатно ќе се делегираат други судии кои што ќе постапуваат по новиот предмет за организаторите за 27 април.

– За многумина тој предмет е поврзан со организаторите, односно сметаат дека станува збор за ист кривично правен настан. Од таа причина судот претпазливо се однесуваше кон барањата за изземање и на крај се реши за да нема никакви сомнежи за пристраноста на судиите да ги изземе судиите кои што учествувале по било каков основ во првиот предмет, за кој веќе имаме неправосилна пресуда. Тука се и други судии кои што учествувале во оценка на обвинението, изјави Џолев.

Прашан за тоа со каква динамика очекува да се одвива судењето за случајот „Рекет“, Џолев посочи дека динамиката не е нешто што зависи исклучитечно од судот.

– Главниот збор во однос на динамиката и подигнувањето на обвинение во овој момент го има обвинителството. Понатаму секако дека ние како суд ќе дадеме приоритет на овој предмет, исто како, и на сите други. Поради јавниот интерес на предметот, секако дека ќе настојуваме да има приоритет и судењата да се закажуваат почесто, изјави Џолев.

За тоа кога ќе се одлучува за притворот на Катица Јанева, Џолев рече дека се уште нема информација и кога ќе дојде такво барање ќе одлучуваат веднаш.

Прашан дали ќе се почитува одлуката на Уставниот суд во однос на казните на судијката Добрила Кацарска за адвокатите во случајот за 27 април, Џолев изрази надеж дека повеќе нема да има вакви одлуки.

– Се надевам дека нема повторно да има вакви одлуки од страна на Уставниот суд. Ние и во соопштението рековме, како Кривичен суд, дека не се согласуваме со таквата одлука, ја спориме дури и надлежноста. Секако, дека одлуката ќе ја почитуваме. Да оставиме времето да покаже што ќе се случува во иднина, изјави Џолев. /МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ