• Latest

Ди Џовани: Никој не може да предвиди како ќе се одвива состојбата со Ковид-19, да се придржуваме до мерките

March 28, 2022
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Ди Џовани: Никој не може да предвиди како ќе се одвива состојбата со Ковид-19, да се придржуваме до мерките

March 28, 2022 12:53
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

 Ситуацијата не е како што беше во јануари, но никој не знае и не може да предвиди како ќе се одвива понатаму состојбата со Ковид-19 и дали повторно ќе имаме пикови, истакна денеска претставничката на Фондот за деца на ОН – УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани, пренесува МИА.

– Треба да имаме предвид во која фаза од пандемијата сме, односно каков е нејзиниот тек. Комисијата за заразни болести заседава, издава свои препораки, меѓутоа не значи дека сите мерки треба да бидат унифицирани за целата територија, бидејќи, како што кажавме ние од УНИЦЕФ, заедницата треба да се грижи за заедницата. Доколку во одредена заедница немаме случаи на Ковид-19 во тој случај би можело да се намалат мерките, односно да нема потреба да се носат маски итн., меѓутоа доколку има случаи на Ковид треба да се придржуваме до мерките. Треба да имаме доверба во работата на Комисијата, нагласи Ди Џовани.

Моментално, посочи таа, можеме да бидеме повеќе опуштени, меѓутоа кога велам опуштени треба и понатаму да ги миеме рацете и да внимаваме на социјалната интеракција.

– Јас секогаш кога малку ќе се опуштам и сметам дека можеби ќе заврши пандемијата, се јавува некоја нова варијанта, но главно е да имаме доверба во научните информации што се пласираат, а не во гласините што се шират меѓу луѓето, рече Ди Џовани во изјава за медиумите пред почетокот на завршниот настан од програмата „Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на Ковид-19 во Северна Македонија”, што ја имплементираат Фондот за население на ОН – УНФПА, Фондот за деца на ОН – УНИЦЕФ и Светската здравствена организација.

На новинарско прашање како го коментира опфатот со вакцинација против Ковид-19 од 40 проценти во државава и дали биле слаби кампањите, таа истакна дека тоа е многу комплексно прашање, бидејќи имало голем број погрешни информации во медиумите, исто така, некои луѓе можеби сега кога сме веќе поопуштени се прашуваат дали има потреба да се вакцинираат.

– Меѓутоа, кога ги правевме истражувањата ние увидовме дека прво треба да ги согледаме надворешните фактори, а потоа да се префрлиме и кон внатрешните фактори, како што се кампањите на Министерството за здравство итн. Треба да се спроведат студии преку кои ќе се увидат знаењето, однесувањето и практиките на луѓето. Можам да кажам дека слична стапка на вакцинација има и во голем број други земји. Меѓутоа, во моментов не можеме да ја насочиме конкретно вината. Кога започна пандемијата ние не претпоставувавме дека таа ќе трае две или три години. Јас лично за себе можам да кажам дека имам примено три дози вакцина и целосно верувам во вакцините и би ги поканила и останатите луѓе да се вакцинираат, рече Ди Џовани.  

Таа рече дека како УНИЦЕФ покрај тоа што биле загрижени за стапката на вакцинација против Ковид-19, исто така биле многу загрижени во однос на редовната имунизација, како се спроведува кај децата со оглед на тоа дека таа била мошне опадната.

– Направивме истражување за да увидиме кои се причините за незаинтересираноста. Со оглед на тоа дека децата требаа да се вакцинираат за рубеола, заушки и сипаници, а свесни сме дека во 2019 година исто така имаше една епидемија на сипаници меѓу децата во државата, така што работиме ние во иднина да се вратиме на старите патеки, односно процесот на редовна имунизација да биде како и претходно пред Ковид-19, додаде Ди Џовани.

Во врска со завршниот настан од програмата „Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на Ковид-19 во Северна Македонија”, таа посочи дека со самиот проект ја означуваат поддршката што му ја обезбедиле на здравствениот систем во сите земји членки на ОН во тешки времиња кога здравствениот систем беше оптоварен со пандемијата на Ковид-19.  

– Вашата земја беше една од малкуте земји кои ја добија оваа помош, односно овој грант преку ОН. Ние се обидовме да увидиме каде можеме да обезбедиме помош во услови на Ковид-19. Ние се посветивме на бремените жени, на децата и на оние заедници кои се запоставени, односно на најсиромашните слоеви од општеството. Во координација меѓу УНИЦЕФ, Фондот за население на ОН и СЗО ние искординиравме пакет на мерки кои се надеваме дека помогнаа за полесно да се надмине пандемијата со Ковид-19 и кои ќе помогнат понатаму за зајакнување на целокупниот здравствен систем. Исто така, имаме тесна соработка со Министерството за здравство и со останати партнери и остануваме посветени како ОН да придонесеме за подобар здравствен систем и подобро општество за сите, додаде Ди Џовани.

Шефот на канцеларијата на Фондот за население на ОН – УНФПА, Афродита Шаља рече дека денеска го одбележуваат завршувањето на еден успешен проект и успехот од тоа што произлегло од проектот, кој бил наменет за брз одговор на сите последици кои произлегоа од Ковид-19.

– Една од компонентите на проектот се насочи на давање услуги и нивно доближување до граѓаните, до тие кои имаат отежнат пристап особено до ранливите категории заради тоа што тие и така имаа отежнат пристап поради тоа што се ранливи групи, но и поради стравот од Ковид-19, поради оптовареноста на здравствениот систем поради справување со Ковид-19 и поради рестриктивните мерки, рече Шаља.

Таа посочи дека УНФПА работела на давање мобилни услуги на жени и девојчиња во краишта на државата каде тие се потешко достапни и тоа услуги за животозагрозувачки состојби односно услуги кои имаат животоспасувачко влијание.

– Најмногу се фокусиравме на превенција на цервикалниот карцином кој е меѓу првите причини за смртност на жените и еден од единствените превентабилни малигни состојби што е предизвикувач на смртност кај жените. Значи во одреден број општини кои беа избирани согласно пристапот на услуги и бројот на жените кои се наоѓаат во тие краишта, за период од два три месеци покривме околу 1.000 жени, меѓутоа тоа што беше многу значајно е партнерската соработка. Прво сето ова го работеше Министерството за здравство, заедно со Македонското лекарско друштво, со Здружението на гинеколози и акушери, Црвениот крст на терен, локалната самоуправа и женските организации кои работат на терен, затоа што не е битно само услугата да дојде туку битно е за неа да има побарувачка и да доаѓаат жените да се прегледуваат, рече Шаља.

Таа потенцира дека се горди поради тоа што услугите не се давале само во периодот на Ковид-19, туку развиле модел кој може да се применува и понатаму и вон Ковид услови, модел кој е одржлив, кој е интегриран во системот, затоа што прегледаните жени се интегрирани во „Мој Термин“.

– За нив се води сметка доколку се пронајде некаква состојба за која треба понатамошно проследување тоа се прави, значи не се тие изолирани од самиот систем и за што многу сме горди што во нашата соработка и средби со Министерството, тоа планира дел од трошоците постепено да ги презема за да може оваа услуга да стане одржлива и да биде помалку зависна од надворешни фондови, истакна Шаља.

Одговарајќи на новинарско прашање Шаља рече дека иако одѕивот бил голем значи дека услугата треба да се доближи до жените.

– Загрижувачко е тоа што имаше жени кои пет, десет до 15 години воопшто не биле на гинеколог. Значи се треба да се направи според принципите на човекови права, услугата да биде достапна, пристапна, да биде прифатлива за тие што ја користат и да биде квалитетна. Услугите на терен ќе продолжат да се нудат. Покрај завршувањето ан овој проект УНФПА ќе обезбеди средства да продолжат да работат мобилните амбуланти на терен и евентуално и да го прошират типот на услуги. Интензивно работевме на превенција од карцином на грлото на матката, но тие може да се прошират и повеќе. Најбитно е тие да се поврзани со системот, затоа што што и да најде лекарот на терен кај пациентката, ако има потреба понатаму да се последи многу е битно да е да има поврзаност со системот, додаде Шаља.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ