Државната изборна комисија го објави Кодексот за набљудување на предвремените парламентарни избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Кодексот ги утврдува процедурите за набљудување и процедурата за вршење на набљудувачката мисија на акредитираните набљудувачи. Кодексот ги обврзува акредитираните набљудувачи да имаат познавање од Изборниот заканик, да се придружуваат кон одредбите на Кодексот и да се непристрасни кон извршување на своите должности. Кодексот ги обврзува да бидат видливо обележани со беџ на ДИК, да носта лична исправа и сите заклучоци од набљудувањето да се базираат на факти и документирани докази.
Акредитираните набљудувачи не смеат да бидат обележани со партиски обележја, да им даваат упатства на гласачите, изборните органи, овластените претставници и службени лица или пак да влијаат на работата на одлуките на изборните органи.
Барањата за набљудување со потребните исправи за идентификација се доставуваат до ДИК најдоцна до 12 април 2020. ДИК е должна во рок од три дена да одговори со овластување за набљудување на изборите. Право на акредитации имаат домашни и странски организации што се регистрирани согласно законот најмалку една година и во чии статути е вклучено начелото за заштита на човековите права, меѓународни организации и претставници на странски земји.
Сите акредитирани нбљудувачи при посета на изборни органи и изборните места задолжително треба да го покажат овластувањето и беџот од ДИК, како и исправа за лична идентификација.