Државната изборна комисија по отворањето на гласачката кутија и пребрјувањето на гласачките ливчиња од избирачкото место 1789, Ново Село, го отфрли приговорот на ВМРО-ДМНЕ за негово поништување. Со ваквата одлука, Никола Андонов од СДСМ останува градоначалник на Ново Село.
По затворање на ова избирачко место избирачкиот одбор пет пати ги пребројувал гласачките ливчиња и не можеле да се усогласат која бројка е исправна. Разликата, на крај, била 19 и доколку се утврдеше каква било неправилност тогаш ќе имаше прегласување во ова избирачко место затоа што можеше да влијае на изборниот резултат.
По отворање на кутијата и повторно пребројување на гласачките ливчиња се утврди дека бројот на потпишаните гласачи се совпаѓа со бројот на ливчиња. ДИК побра одгворност и од избирачкиот одбор и од ОИК.
ДИК ги прифати, пак, приговорите, исто така, поденсени од ВМРО-ДПМНЕ што се однесуваа на избирачките места во Куманово, Радовиш, Сарај и Шуто Оризари и го поништи гласањето, но прегласување нема да има затоа што не влијае на изборниот резултат.