Државната изборна комисија на денешната 65-та седница на јавна ждрепка го утврди редоследот на кандидатските листи на гласачкото ливче за избор на пратеници во Собранието.
Партиите на гласачкото ливче ќе ги носат следните редни броеви:
1 – Демократска партија на Албанците – ДПА
2 – Политичка партија Демократи
3 – СДСМ и Коалицијата Можеме
4 – Левица
5 – Алијанса за Албанците и Алтернатива
6 – Глас за Македонија
7 – Граѓанско демократска унија – ГДУ
8 – Интегра
9 – Демократската унија за интеграција – ДУИ
10 – Социјалдемократската унија – СДУ
11 – Никогаш Северна, само Македонија – Единствена Македонија
12 – МОРО работничка партија
13 – Народна партија на Ромите
14 – ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција за Обнова на Македонија
Од ДИК нагласија дека ова е нивна законска обврска и дека ќе работат се додека не биде одлучено поинаку.
Претседателот на ДИК Оливер Дерковски информираше дека поради прогласената вонредна состојба од претседателот на државата за справување со пандемијата на вирусот Ковид 19, Владата ќе треба да донесе одредени одлуки.
– Ние ќе ги следимие тие одлуки. Се надевам дека во текот на денешниот ден ќе се случи тоа и во текот на утрешниот ден ќе преземеме дополнителни чекори со што на некој начин би завршил овој процес до тука, а за понатаму ќе видиме како ќе се развива ситуацијата и како ќе се надминува состојбата со пандемијата, така ќе се однесуваме сите ние, изјави Дерковски.
ДИК на почетокот на денешната седница едногласно ги утврди поднесените листа на ГДУ, Интегра, МОРО работничка партија, Единствена Македонија, Политичка партија Демократи и Левица со што се потврдени сите 14 од вкупно 15 кои се поднесени. Според роковникот останува уште една партија „Твоја партија“ чиј рок истекува утре. Откако ќе ги комплетира сите листи „Твоја партија“ ќе го добие редниот број 15 на гласачкото ливче.
Претседателот на ДИК информираше дека сите листи биле комплетни и навремено поднесени.
Во живо седница на ДИК/Live seanca e KSHZ-së
Gepostet von Државна изборна комисија / Komisioni shtetëror i zgjedhjeve / SEC am Donnerstag, 19. März 2020