Сите изборни дејствија преземени претходно пред одложување на изборите, на 22 март 2020, важат, а во ревидираниот Роковник влегуваат оние активности што не се спроведоа, соопштија на денешната седница од Државната изборна комисија.Првите активности што ДИК ги презема, освен ревидирањето на Роковникот, се испраќање на дописите до Министерството за внатрешни работи и другите институции што се надлежни за ажурирање на Избирачкиот список.
„Она што подолго време ја интересираше јавноста, тоа е јавниот увид во Избирачкиот список. Тој е веќе завршен и не може да се повторува. Затоа одиме со надополнување, односно доажурирање на Избирачкиот список согласно член 43, став 6 од Изборниот законик“, изјави Борис Кондарко, член на ДИК, кој потенцираѓе дека институциите треба да достават податоци до сите граѓани со право на глас, заклучно со 15 јули 2020 година.
ДИК објасни дека на 13 јули ќе гласаат лицата што се во домашен карантин или во самоизолација, на 14 јули ќе гласаат сите немоќни и болни лица. Вгор ден од изборите ќе гласаат и хронично болните лица, како и останатите според Изборниот законик што гласаат ден пред избори.
„На 13 јуни, за лицата што се во домашен карантин и во самоизолација, ќе се формираат посебни избирачки одбори, со тројца доктори. Исто така, ќе бидат и членови од политички партии, кои според законот маат право да именуваат член на избирачки одбор“, соопштија од ДИК.
ДИК ќе ја обнови и едукацијата на членовите на избирачките одбори, со оглед дека само една третина од нив поминале обука. Исто така, се испрати апел до граѓаните да ја посетат веб страницата и да проверат дали ги има на Избирачкиот список. Што се однесува до времетрањето на изборниот ден, потсетија дека ќе се гласа од 7 до 21 часот.
Во врска со надоместоците на изборните органи соопштија дека ќе бидат зголемени на сите, освен на членовите на Државната изборна комисија.
Б. Ј.