ЦИВИЛ ја информира јавноста дека информациите од денешната седница на Државната изборна комисија се погрешно протолкувани и пренесени. Имено, се работи за апел од страна на институцијата за сериозно да се сфати состојбата со корона вирусот, а не барање за одложување на изборите.
Тоа за ЦИВИЛ Медиа го изјави и Добре Јанчев кој истакна дека новонастанатата ситуација е сериозна, но ДИК и понатаму работи на спроведувањето на изборите.
„Ние како институција не можеме да бараме одложување на изборите. Но, со оглед на фактот што ангажираме над 30.000 луѓе кои треба да работата на нивното спроведување, апелираме до државните ограни и политичките партии сериозно да ја сфатат оваа ситуација и да се направат проценки за понатамошно постапување“, вели Јанчев.
ЦИВИЛ апелира медиумите да бидат внимателни во пренесувањето и толкувањето на информациите од релевантните институции, како за корона вирусот, така и за сите теми поврзани со изборниот процес, со цел да се избегнат недоразбирања кои може да предизвикаат ненадоместливи штети.