Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница, отворена за јавноста, со почеток во 13 часот.
На дневен ред на седницата членовите на ДИК ќе одлучуваат за објавување на описите на избирачките места, ангажирање на помошно тело и за поништување на одлуката за избор на економски оператор за печатење на Избирачкиот список.
На седницата ќе се разгледуваат извештајот за Избирачкиот список по завршениот јавен увид, извештајот за рекламни паноа и билборди и нивна распределба по случаен избор, а на дневен ред се и акедитациите за меѓународни набљудувачи.
Според роковникот, најдоцна до 19 септември, политичките партии имаат можност да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци од Избирачкиот список.
ДИК ги повика и политичките партии да присуствуваат на расплределбата на рекламните паноа и билборди.