На денешната седница на Државната изборна комисија беа поставени неколку точки на дневен ред, а членовите изјавија дека ДИК продолжува со редовната работа се до објавувањето на конечна одлука за одложување на изборите закажани за 12 април.
Првата точка на дневниот ред беше прифаќањето на кандидатските листи на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Членовите се согласија дека листата е комплетна.
Од ДИК истакнаа дека оние политички партии кои имаат некомплетни листи имаат рок од 48 часа за да ги отстранат недостатоците, по што повторно треба да ги понесат до институцијата за понатамошно одлучување.
Поради недоволен број на пријавени гласачи од дијаспората, гласањето во ДКП нема да се одржи.
Последната точка на денешната седница беше утврдувањето на бројот и описот на Избирачките места, кои се вкупно 3480 и ќе бидат објавени на веб страницата на ДИК.