Државната изборна комисија излезе со упатство за гласање во избирачки места каде се регистрирани помалку од 10 гласачи.
Според упатството во 81 избирачко место, од вкупно 3480 на територија на Република Македонија, во Македонски брод, Сопиште, Старо Нагоричане, Велес, Зелениково, Кочани, Кратово, Петровец, Пробиштип, Свети Николе, Чашка, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Конче, Неготино, Ново Село, Прилеп, Радовиш, Дебарца, Демир Хисар, Долнени, Кичево, Крушево, Охрид, Гостивар, Маврово и Ростуше нема да се гласа, туку гласачите ќе се пренасочат во најблиските избирачки места со над 10 гласачи.
Одговорноста гласачите да бидат известени на време и да им биде овозможено да го остварат правото на глас ја имаат Општиниските изборни комисии.
Државната изборна комисија за ваквата одлука се повикуваат на член 165 став 3 од Изборниот законик, а истовремено со можност да се испочитува и член 166 став 1 од Изборниот законик, според кој избирачкото место по правило не смее да биде одалечено повеќе од 3 километри од најодалечената адреса во градските населби и не повеќе од 5 километри во селските населби.
Со ова упаство ДИК ги обврзува ОИК целосно да ја спроведат постапката за навремено известување на гласачите.
Поучени од претходните искуства, ЦИВИЛ порачува гласачите да ги погледнат избирачките места во упатството и навремено сами да реагираат и да се информираат каде ќе бидат распределени.
Б. Јордановска