„Група од 200 македонски граѓани, во комуникација со Романија и Бугарија, успеавме да извлечеме и најверојатно ќе дојдат на Деве-Баир во раните утрински часови. Ве молам, немојте да патувате. Македонски граѓани што утре ќе решат да одат некаде, сосема е неизвесно кога ќе може да се врати. Крајно е непревидлива ситуацијата, се затвораат граници за странски државјани“, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес-конференција заедно со министерот Венко Филипче.
Министерот Димитров истакна дека немаат контрола врз граници на трети држави, дека ќе направат се што можат да направат да ги вратат оние кои се заглавени на границите дома и апелираат да не се патува.
„Имаме најави дека ЕУ ќе ги затвори своите граници, зборувам за Шенген зоната, за сите не суштински патувања. Тоа значи вон лекари, возачи на товарни возила и официјални претставници. Тоа е најава, ќе видиме дали ќе ја донесат таа одлука, се е неизвесно. Време е да си седиме дома, да бидеме храбри и смирени“, додаде Димитров.












