• Latest

Димитров: Европа да си го одржи зборот, крајно време е да ги почнеме заслужените преговори

May 9, 2021

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Европа да си го одржи зборот, крајно време е да ги почнеме заслужените преговори

May 9, 2021 12:26
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нашата битка денес е всушност битка и на Европа самата со себе, да си го одржи зборот. Крајно време е да ги почнеме заслужените преговори за членство и така ќе бидеме заеднички победници. Да ни е честит Денот на Европа.

Ова е пораката што денеска ја испрати заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, кој заедно со шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир ја посетија канцеларијата на Еко Пошта корисник на проектот ЕУзаОтпорност.

Тој нагласи дека ЕУ нема да биде целосна доколку не ги интегрира и земјите од Западен Балкани и на тој начин не го комплетира проектот на обединети европски држави. На Денот на Европа, рече во обраќањето Димитров, повторно зборуваме за иднината, за мирот, за заедништвото, стабилноста и просперитетот на нашиот континент и треба да се вратиме кон основата, кон она што не обединува и заради кое сакаме заедно да ја градиме нашата заедничка иднина.

– Сeверна Македонија не само што сака да биде дел од ЕУ, туку често пати сме покажале дека знаеме да се однесуваме така, конкретно прекуи нашето дејствување како стабилен партнер на меѓуанародната сцена и според зборовите токму на ЕУ – светол пример во регинот за решавање на тешки прашања. Тоа е патот по кој чекориме одлучно и непоколебливо и нема да се откажеме без оглед на предизвиците затоа што македонсктие граѓани заслужуваат да бидат и формално дел од ова семејство, истакна ДИмитров.

Додаде дека она што не обединува се вредностите и стремежот за подобар живот за македонските граѓани кои тоа го заслужуваат, преку итно откочување на европскиот пат. Оваа определба, подвлече, е врзното ткиво што го обединува целото наше општество, од партиска, од политичка, од етничка природа.

Вицепремиерот Димитров потенцира дека во 21 век недозволиво е да работиме на разединување, на актуелизирање на теми за проемна на граници, на идентитетски прашања кои се повеќе наратив на 19 и почетокто на 20 век.

– Пандемијата на КОВИД – 19 не потсети колку сме сите заендо поврзани, зависни едни од други и ранливи, без ралзиак каде се наоѓаме, дали сме големи или мали, но силно обединети во различностите и си помагаме меѓусебно, рече Димитров.

Тој истакна дека ЕУ од почетокот на кризата покажа дека е неспоредливо најголемиот донатор на нашата земја во борабата со пандемијата.

Димитров упати и честитки до компанијата Еко Пошта корисник на проектот ЕУзаОтпорност, која се занимава со транспорт на кореспонеднција и стоки, без да ја загрози животната средина поддршка.

Амбасадорот Гир потсетувајќи дека ова е втора година по ред што го одбележиваме Денот на Европа во околности полни со предизвици поради пандемијата со КОВИД – 19.

Потсети дека веќе е почната програмата за масовна вакцинација во РС Македонија,  а на почетокот на оваа година првата пратка од околу 120.000 вакцини се донирани од страна на ЕУ.

– И ова е само последната поддршка од страна на ЕУ која што ние ја обезбедуваме на РС. Македонија од самиот почеток на пандемијата некаде 230 милиони евра во обезбедување на итна медицинска помош која што вклучува над 25 вентилатори, 35 парчина медицинска опрема, како и над 2 милиони парчиња лична заштитна опрема,како и друга финансиска помош се со цел за ублажувањње на социо-економските последици од пандемијата и за зачуввуање на нработните места, рече амбасадорот Гир.

Една таква иницијатива во рамки на проектот ЕУ за отпорност, што обезбедува 40 милиони евра бескаматни кредити, како и грантови за поддршка на мали и средни претпријатија, како и за поддршка на жени и мажи кои се соочуваат о ризикот на невработеност, и сето ова, подвлече Гир, се се случува со помош на Банката за развој на С. Македонија, како и Агенцијата за вработување.

– Ние навистина како ЕУ сме горди на конркетните резултати кои кшто оваа иницијатива ЕУ за отпорност ги има постигнато затоа што повеќе од 2.500 компании добија или се корисници на бескаматни кредити.  Повеќе од 2.100 жени и мажи коишто се соочуваат со ризикот од невработеност, успеаја да ги сочуваат своите работни места, додека над 624 компнии беа во можност да создадат 793 работни места од кои 49 по основ се жени. 55 посто од сите нив од вработнеите се на возраст до 29 години, информираше евроамбасадорот Гир.

Додаде дека повеќе од 1.200 нови компании се создадени, како помош во рамки на овој проект.

Амбасадорот Гир информира дека денеска биле во посета на  таков корисник на оваа програма ЕУ за отпорност наречена Еко пошта, која е создадена и менаџирана, управувана од страна на жени, компанија која што специјализира во разнесување на пратки на еколошки начин.

– И не помалку од економски аспект, јас можам да ве уверам како што патем го  имам направено  и порано дека ЕУ ќе продолжи да даде помош на вашата земја во корист на луѓето за да можеме да ги множиме ваквите успешни стории во вашата земја, истакна евроамбасадорот Гир.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ