Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот Фејбук профил најави дека ќе одговори на прашањата на граѓан(к)ите кои се поврзани со Договорот меѓу Република Македонија и Грција за да ги расчисти сите дилеми и магли.
„Од денес, па до следната среда (22 август) до 12:00 часот можете да ми поставувате прашања во порака или коментар, користејќи ги хаштазите #ПрашајтеГоМинистерот и #ФактиЗаДоговорот на следниве профили: Фејсбук: Никола Димитров – Nikola Dimitrov Твитер: @NDimitrovMK
Во четврток од 19:00 часот ќе ги одговорам преку Facebook Live на страната Никола Димитров – Nikola Dimitrov. Се гледаме во четврток!“, пишува Димитров.
Д. М.