Не гледам никаков ризик на повидок за илез на Северна Македонија од иницијативата Отворен Балкан доколку дојде до проемна на власта во земјата како резултат на локалните избори, одговари на новинарско прашање вицепремиерот Никола Димитров на прес-конференцијата после состанокот на Отворен Балкан во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.
-Не мислам дека политичката состојба во мојата земја има достигнато ниво на фер конкуренција и за владата би било подобро ако имаме таква конкуренција каде политичките учесници ќе покажат кој може да направи нешто подобро, дури и ако ги поврзаме резултатите од локалните избори со Владата, одговори Димитров.
Тој хипотетички говорејќи кажа дека мнозинството граѓани во земјава сакаат да одат напред и да имаат добрососедски односи и регионална соработка.
-Дури и да дојде до промена на власта, волјата на граѓаните ќе биде таква да кој и да дојде на власт, ќе мора да оди напред што значи европеизација, јакнење на демократијата, економијата што бара блиска соработка со нашите соседи. Затоа не гледам никаков ризик на повидок за излез на мојата земја од иницијативата, изјави Димитров.
На ова новинарско прашање се надоврза и српскиот претседател Александар Вучиќ кој кажа дека не е реално сега Северна Македонија да ќе ги прекине или да ги влоши односите со Србија и Албанија.
-Иницијативата Отворен Балкан е комплементарна со европската интеграција. Отворен Балкан значи дека границите ќе бидат помалку значајни и дека ќе се искористи потенцијалот за зголемување на економскиот раст, кој со поголемата стабилност се аргументи во прилог на евроинтеграциите, изјави вицепремиерот Никола Димитров на новинарско прашањ на прес-конференцијата по состанокот на иницијативата Отворен Балкан.
-Убеден сум дека иницијативата Отворен Балкан е комплементарна со европската интеграција, кажа Димитров одговарајќи на прашањето дали мисли дека Отворениот Балкан на некој начин е „затворена ЕУ“ за Северна Македонија и Албанија, бидејќи на тие две земји им е блокиран датумот за почеток на преговорите со ЕУ.
Димитров посочи дека, за жал, тешко е да се најде земја што има полош, односно подобар пример од Северна Македонија – за тоа што се случува кога ЕУ не ги исполнува своите ветувања.
-Тогаш европското гласачко ливче не станува атрактивно и граѓаните губат верба дека би можеле да имаат европска иднина, изјави Димитров.
Како што кажа, во последно време самиот себе се коригира дека не е фер да се критикува целата Унија, бидејќи проблемот на неговата земја е само со една земја членка.
-Во пакетот за проширување, Европската Комисија кажа дека одложувањето на процесот на интеграција со Северна Македонија и Албанија го поткопува кредибилитетот на ЕУ во целиот регион. Но, тоа вето не е само вето на нашата европска иднина, туку и на европската политика на Балканот. Тоа е вето на македонското и бугарското пријателство, кажа Димитров.
Регионалната соработка, вели тој, е она што може да се направи во меѓувреме, додека чекаме ваквите прашања да се решат во ЕУ.
-Целта на европската интеграција е мојата татковина да стане посилна, регионот да стане посилен, за да имаме посилни демократии, поправедно општество и на тоа мора да работиме индивидуално. Влоговите стануваат се поголеми, но тие не се само наши и регионални, изјави Димитров.
Тој додаде дека ако ЕУ сака да стане глобален учесник, тогаш не смее да има неуспеси на локално ниво.
-Регионот е локален проблем. Ако не можат да дејствуваат овде, тогаш не можат да дејствуваат ниту глобално, оцени Димитров












