• Latest

Димитров: Одлуката за отворање на границите зависи од тоа што ќе се случува со епидемијата

May 9, 2020

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Одлуката за отворање на границите зависи од тоа што ќе се случува со епидемијата

May 9, 2020 14:59
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Одлуката за отворање на границите зависи пред се од два фактори – прво што се случува дома, завчера имавме нови 33 заразени, вчера имаше пад. Значи многу ќе зависи што ќе се случува дома и тоа ќе влијае врз нашата одлука за отворање на границите. Второ во моментот кога ќе се отворат границите влегуваме во фаза во која сите мерки досега се затвораат, влегуваме во нова фаза, бидејќи имаме константен прилив“, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Тој на настанот пред платото на Градската општа болница „8 Септември“ по повод Денот на Европа, информира дека пред два дена имал телефонски разговор со грчкиот МНР Дендиас главно фокусиран на планови, предвидувања, регионална соработка околу отворање на границите и олеснување на мерките и додаде дека планира идната седмица да направи серија телефонски разговори и со другите колеги од регионот.

– Може и сите заедно да се собереме на една конференција, бидејќи тој чекор – отворање на границите мора да биде координиран за да има смсила. Моето чувство е дека сите планираат, но имаат извесна колебливост околу точниот период, кога е точниот датум, рече Димитров.

Одговарајќи на прашање за задолжителни тестови при влез во државата, Димитров посочи дека за тоа ќе треба да се разговара и оти мора да имаме единствен систем на комуникација и движење.

– Ако една земја бара тестови, а друга земја не, ланецот се прекинува, така што апсолутно мора да се координираме и да разговараме меѓу другото и за тоа, додаде Димитров.

 

Премиерот Оливер Спасовски во изјава за медиумите пред Споменикот на ослободителите на Скопје, во врска со отворањето на границите рече дека имаат план во однос на сите активности што се случуваат и што треба да се преземат како мерки во наредниот период.

– Тоа нема да зависи само од нашата земја, тоа ќе зависи од сите држави во регионот. Се уште сметам дека треба да останеме тука и да не дозволуваме влез во Република Северна Македонија се додека не се покаже и низ бројки и во државите во регионот и внатре кај нас дека навистина имаме намалување на епидемијата во рамки што можат да дозволат отворање и слободно движење на граѓаните. Наша желба е тоа да се слчи што е можно поскоро, меѓутоа сепак зависи од сите нас. Колку сите заедно ќе се однесуваме сериозно и одоговорно кон оваа криза, толку побрзо ќе завршат и сите овие мерки и ќе се вратиме во нормалност која што не очекува, рече Спасовски.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ