• Latest

Димитров: Западен Балкан е најсоодветниот регион каде ЕУ може да направи разлика во геополитичка смисла

March 11, 2021

(ИЗБОР) Албански медиуми: Џејмс Рубин го заврши тридневното сведочење за судењето на поранешните лидери на УЧК; Воведувањето задолжителна воена служба во Србија го враќа стравот кај Албанците во Прешевската долина

September 17, 2025
Претседателот Володимир Зеленски и премиерот на Велика Британија Кир Стармер го потпишаа Стогодишниот договор за партнерство на 16 јануари. Фото: Скриншот од видео на
DD India

Украинскиот парламент го ратификуваше договорот за 100-годишно партнерство со Обединетото Кралство

September 17, 2025

Молдавската полиција заплени милион евра за купување изборни гласови – Русија под сомнеж

September 17, 2025
Photo by Maxim Hopman on Unsplash

Обид за убиство во Струга: Ги тепале со шипки, а потоа пукале со пиштол

September 17, 2025

Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу: Комисијата ги анализира случаите на операција на срце, извештајот ќе биде јавно објавен

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на Гардијан

Видео со Трамп и Епштајн проектирано на замокот Виндзор пред посетата на американскиот претседател, четворица уапсени

September 17, 2025
фото: страница Убијците на Кочани

Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

September 17, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

September 17, 2025

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров: Западен Балкан е најсоодветниот регион каде ЕУ може да направи разлика во геополитичка смисла

March 11, 2021 14:58
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Интеграцијата на Западниот Балкан е од стратешка важност за ЕУ, поради што Унијата треба да им пристапи на земјите од регионот како на активни субјекти на европската геополитика, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќање на конференцијата „Европската безбедносна соработка со Источното соседство и Западен Балкан“, организирана од Европскиот центар за надворешни односи.

„Западниот Балкан е најсоодветниот регион каде ЕУ може да направи разлика во геополитичка смисла“, порача Димитров.

Како што соопшти Секторот за европски прашања, Димитров се осврна на геополитичките и економските фактори кои налагаат блиска соработка на ЕУ и Западен Балкан, подвлекувајќи го значењето на единствено и координирано справување со споделените предизвици, што беше евидентно во случајот со мигрантската криза, а особено во однос на пандемијата со КОВИД-19.

„Конференцијата беше можност за размена на ставови во однос на геополитичкото дејствување на Европската Унија, со осврт на соработката со земјите од Западен Балкан во однос на прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста на Европа“, се додава во соопштението.

СЕП информира дека на панелот, посветен на безбедносната соработка со Западниот Балкан, се обратија и директорот за континентална Европа при Министерството за надворешни работи на Франција, Фредерик Мондолони и директорката за Југоисточна Европа, Турција и државите од ЕФТА при германското Сојузно министерство за надворешни работи, Сузане Шуц, кои позитивно го оценија европското досие на Северна Македонија, гласно потенцирајќи ја поддршката за нејзин пробив.

„Германската амбасадорка Шуц истакна дека Германија жали за пропуштената шанса во декември минатата година да се одржи меѓувладината конференција, но истовремено ќе остане силно посветена за нејзино реализирање што поскоро, во рамките на триото со португалското претседателство и Словенија. Францускиот амбасадор Мондолони на таа линија, рече дека Франција се залага за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија“, се додава во соопштението.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    218 shares
    Share 87 Tweet 55
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ