• Latest

Димовска: Треба да се негуваат генерации што ќе бидат спремни да одговорат на предизвикот со климатски промени

August 22, 2020
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

October 23, 2025

Зеленски ја повика ЕУ да ги ослободи замрзнатите руски пари за одбрана на Украина

October 23, 2025

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025
Фотгорафија: Влада на РСМ

Мицкоски: Нема предвремени избори, не ги посакувам и сметам дека се непотребни

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025

Пукал од БМВ додека одел на свадба во Желино – полицијата го уапси кога се пофалил на социјалните мрежи!

October 23, 2025
Фото: wikimedia commons

Амбасадорката Дир: САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на Русија, дизајнирани да го зголемат притисокот за постигнување вистински мир

October 23, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Димовска: Треба да се негуваат генерации што ќе бидат спремни да одговорат на предизвикот со климатски промени

August 22, 2020 13:20
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со Виолета Димовска, граѓанска активистка, Зелен ЦИВИЛ разговараше на тема зелени вредосни, нивна промоција и негување, како можни решенија што би придонеле за граѓанско активно учество во подобрување на општата перцепција, едукација и јакнење на јавната свест.

„Зелените вредности во нашата земја најмногу се почитуваат и промовираат од граѓанските организации. Тие се најмногу активни во подигнување на јавната свест, додека институционално, системски овој проблем останува да се провлекува низ годините. Не дека институциите не се заинтересирани за поинаков пристап, но фали ефикасен модел што ќе се спроведе во пракса и тој да биде ефективен и ефикасен. Доаѓам од организацијата Еко-свест, како регионален координатор за Вардарски регион, преку која направивме коалиција со 11 граѓански организации за климатските промени.  Целта е на поефикасен начин да се делува на јавната свест дека животната средина е клучниот сегмент во човековото живеење. Природата ни враќа на истиот начин на кој ние и пружаме, таа тоа го рефлектира и можеби не денес, не утре, но по години враќа со неадекватни и неповолни климатски промени. Кога би прашале било кој човек во моменталната политичка ситуација во земјава, што би му било приоритет да го реши како проблем, скоро секој ќе одговори дека тоа е  сиромаштија, економија, социјала, правда, како најгорливи проблеми во една држава. Луѓето се многу малку свесни за животната средина и дека секој поединец со многу малку може да направи многу. Има безброј примери во секојдневното живеење што со промена на навиките тековно можат да придонесат за заживување на зелените вредности“, вели Димовска одговарајќи на прашањето колку зелените вредности се промовираат во нашата  земја и дали постои свесност за нивно негување и практикување.

Димовска смета дека образованието има исклучителна улога во градење на овие вредности и дека институциите треба да најадат систематско решение и ефикасен модел за промени во образовниот систем.

„Актуелната ситуација со пандемијата ни покажува дека човештвото сѐ повеќе и повеќе се соочува со покомплексни и покомплицирани закани за кои мора да биде подготвено да се соочи. Затоа мислам дека во институциите сѐ повеќе има потреба да се ангажираат лица што ќе бидат стручни во областа на кризен менаџмент кои ќе бидат спремни систематски да одговорат на посложени проблеми, како што е со вирусот Ковид-19 што сите не фати неспремни. Општеството поминува низ големи трансформации. Мислам дека и образовниот модел тука треба да се менува и напредува. Треба да се негуваат генерации кои би биле спремни да одговорат на климатските промени и на заштита на животната средина. Моја иницијатива и предлог до новата влада некако институционално да се заложат сите засегнати страни, вклучувајќи го министерот за образование и директорот за заштита и спасување, за донесување Правилник за обука и едукација за самозаштита за изготвување програми или во редовните предмети или како посебен предмет за едукација, теориски и практични вежби за запознавање со животната средина, како да ја заштитат, како може да и наштетат, што може да се направи за да имаме чиста животна средина за да имаме поздрав и поубав живот“, истакна Димовска, како предлог решение за заедничко дејствување на заштита на животната средина.

Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски


Интервјуто е дел од проектот „Зелените доаѓаат“  што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
Print Friendly, PDF & Email
Share40Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ