Кривичниот суд го прифати барањето на Основното јавно обвинителство и им одреди притвор на од 30 дена на директорот на „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми и управителот за отпад Аки Саити.
Тие се товарат за дека направиле кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад. Кривичниот суд информира дека мерката притвор за осомничените е определена заради постоење на опасност да ја попречуваат истрагата или да влијаат врз сведоците, како и заради можноста да го повторат делото.
Претходно, Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против двајцата кои ги сомничи дека заедно постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на својата основна дејност за редовно собирање и транспортирање безопасен отпад на подрачјето на Град Скопје, како и на обврските предвидени во Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад и на Оперативниот план за одржување на јавната чистота во Градот.
Тие дозволиле во текот на месецов да се создадат мали депонии на јавни и сообраќајни површини, во близина на предвидените садови за собирање комунален отпад, со што предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и водата и го довеле во опасност животот и здравјето на луѓето од предизвикување заразни или други болести. Сомненијата се утврдени и констатирани со вонредните инспекциски надзори, како и со експертско мислење од Институтот за јавно здравје, пренесе МЕТА.мк.












