• Latest

Директорот на финансиска полиција Муареми ќе поднесе кривична против Рускоска, Трајчева и Јосифовска

August 3, 2022

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Директорот на финансиска полиција Муареми ќе поднесе кривична против Рускоска, Трајчева и Јосифовска

August 3, 2022 17:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми до крајот на неделата ќе поднесе кривична пријава против обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службената исправа“.

На брифинг со медиумите денеска во Управата за финансиска полиција, директорот Муареми, појасни дека претставки до Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, до Советот на јавни обвинители и до Судскиот совет поднел не зошто Вилма Русковска постапила по пријавата што ја добила против него, туку за начинот и незаконитоста во постапувањето.

– ОЈО ГОКК до Судот доставува лажни и невистинити податоци, само за да ја добие наредбата за претрес. Тоа претставува измама и фалсификување на исправа. Наредбата за претрес опфаќа основано сомнение и дека сум сторил кривично дело примање награда за противзаконито влијание. Вилма Русковска без да има ниту еден доказ, без да обезбеди ниту еден доказ, до Судот, а и во јавноста ме обвинува дека сум сторил кривично дело, вели Муареми.

Тој појаснува дека ОЈО ГОКК во барањето до судот навело дека сторил кривично дело и оти располага со докази за основано сомнение, дека го сторил тоа кривично дело, а на денот на претресот заедно со наредбата за претрес му било врачено и барање за доставување податоци за тоа колку анонимни пријави се доставени до управата почнувајќи од 2018 година до денот на давањето на одговорот.

– Доставување на барање за податоци и наредба за претрес, во исто време и за истата работа е нејасно и нелогично и нема никаква поента. Или ќе направите претрес и ќе ги земете, или ќе го оставите барањето и во рокот што сте ни го дале ќе ви ги доставиме бараните податоци, вели Муареми.

Во однос на изјавите дека Судот е тој што одлучува за законитоста на претресот и дека требало таму да се обратат, од Управата информираат дека жалба за наредба за претрес до Кривичен Совет не постои по Законот за кривична постапка и дека до Кривичен совет или до Суд, може да поднесете жалба на  решение, но жалба за наредба за претрес не постои.

– Тоа во превод значи ние да поднесеме барање да судијата на претходна постапка кој што ја издал наредбата, тој да провери дали истражителите постапувале законски по издадената наредба. Тоа во овој случај е беспредметно. Ние во старт знаевме дека се работи за блеф, за злоупотреба на функцијата, за прикажување лажни податоци, за немање основ да се бара наредба за претрес што се докажа и со надзорот, изјави Муареми.

Според Муареми претресот бил исклучиво и со цел да му се наруши личниот углед, угледот на Управата и да се попречи неговото работење.

– Претресите беа тенденциозни и со единствена цел – да се наруши мојот личен углед, угледот на целата институција, да се доведат во прашање сите сегашни, а и идни постапки/ предмети кои Управата ги води, изјави Муареми.

Муареми, на брифингот, исто така посочи и дека нема друг пример каде Јавното обвинителство приоритет дава на анонимни пријави од граѓани, наспроти пријави од познати пријавители со докази кои чекаат со години за постапување.

Од Управата за финансиска полиција потсетуваат дека до ОЈО ГОКК имаат доставено кривична пријава со доказен за сторен криминал во Фудбалска федерација на Република Македонија, потоа три кривични пријави за криминал во Општина Карпош, како и кривични за сторен криминал во Министерство за транспорт и врски, во Министерство за финансии, во МРТ и АД Те-То.

– Ние како Управа за финансиска полиција, по закон сме повикани и мора да соработуваме со ОЈО ГОКК, иако морам да нагласам дека не сме задоволни од соработката, дури сме се прашувале зошто за одредени големи, капитални предмети ОЈО ГОКК нема интерес да соработува со нас. Зошто ОЈО ГОКК од нас не побара да се извршат проверки во актуелни истраги, да се испита потеклото на парите за Мијалков, за Груевски, за Орце Камчев, а експресно постапи по оваа анонимна пријава и дојде претреси неосновано и незаконски да прави, рече Муареми, на брифингот со новинари.

Муареми, исто така, информира дека само во 2021 година поднеле седум пријави до ОЈО ГОКК, како и 15 известувања по нивна иницијатива, за кои, како што појасни инспекторот не е сигурен дали има елементи на кривично дело, а работел со месеци и има 50 страни пишан материјал, собран доказен материјал па истиот го доставува како известување па обвинителот нека одлучи и да ни каже дали има елементи на кривично дело или не. Во истата година со 40 овластени инспектори во Управата, кои се надлежни за цела територија, биле сработени и 72 наредби од ОЈО ГОКК.

Од Управата, исто така, појаснуваат дека сите дела кои што ги работат не се во надлежност на ОЈО ГОКК и оти во 2021 година имаат и 111 кривични пријави поднесени до другите обвинителства во државата.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ