• Latest

Декларација за етичко и професионално известување за теми поврзани со ЛГБТИ

March 20, 2018

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Декларација за етичко и професионално известување за теми поврзани со ЛГБТИ

March 20, 2018 10:57
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Коалиција МАРГИНИ, Совет за етика во медиумите, Здружение на новинари на Република Македонија и Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги иницираа Декларација за етичко и професионално известување за теми поврзани со ЛГБТИ заедницата поради сè уште присутниот дискриминаторски, дерогирачки и стигматизирачки говор кон ЛГБТИ луѓето, насилството врз ЛГБТИ луѓето и активистите за човекови права, и загрижувачкиот степен на предрасуди и нетолеранција кон оваа маргинализирана заедница во македонското општество.

Промоцијата на Декларацијата ќе се одржува денеска во Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми (сала на 2 спрат) со почеток во 11 часот.

Меѓу потписниците на Декларацијата се и Здружение на печатени медиуми,Здружение на приватни електронски медиуми, Лајф Радио, Телевизија 24, Слободен печат, порталот плусинфо.мк итн.

Со оваа Декларација потписниците се обврзаа во рамки на сопствените одговорности и надлежности да останат посветени на  принципите за нестереотипизирачко известување за ЛГБТИ, воздржување од и осуда на говорот на омраза врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет или која било припадност на историски и општествено маргинализирана група, известување за жртвите на насилство и дискриминација обоено со емпатија и солидарност, непарцијално известување за активностите на ЛГБТИ заедницата и активистите за човекови права во рамки на целокупната општествена, политичка и културна сфера, почитувајќи ги  нивниот личен интегритет, мислење и активности, како и за соработка со граѓанските здруженија кои се застапуваат за правата на ЛГБТИ, преку размена на информации кои ќе овозможат интегрален и непарцијален приказ на проблемите кои ги засегаат ЛГБТИ.

Исто така, потписниците ги повикуваат сите засегнати страни да се вклучат и да придонесат во градењето на општество во кое сите имаат еднаков пристап до правда.

ЦМ

 

Tags: ДекларацијаЛГБТИ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ