• Latest

ДКСК: Балансерот при вработување во јавниот сектор не функционира или да се донесе алатка за контрола или да се укине

May 20, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

ДКСК: Балансерот при вработување во јавниот сектор не функционира или да се донесе алатка за контрола или да се укине

May 20, 2022 14:16
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата утврдила слабост во употребата на балансерот при вработување на административни службеници – нема утврдена постапка за проверка на веродостојноста на податоците, ниту е направена единствена база од која ќе се добиваат податоци за етничката припадност на кандидатите, и предлага во новиот Закон за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници или да се предвидува ефикасна алатка за спречување на злоупотреба на балансерот при вработување во јавниот сектор или балансерот да се укине бидејќи е претворен во алатка за злоупотреба и понижување, пренесува МИА.

Ваквото укажување од ДКСК, доаѓа откако на денешната 68-ма седница донесе одлука за покренување иницијатива за кривично гонење на две лица за сторено кривично дело злоупотреба на изјаснување за етничка припадност предвидена по балансерот за соодветна и правична застапеност на етничките заедници при вработување во јавниот сектор.

Членот на ДКСК Нури Бајрами, посочи дека овој предмет е оформен по службена должност по оглас објавен на 23 март 2022 година од ДКСК за вработување на 13 административни службеници, на кој двајца кандидати се изјасниле како припадници на етничка заедница како што се бара во огласот, иако биле свесни дека припаѓаат на друга етничка заедница.

Од анализата на целокупната документација на објавениот јавен оглас се констатира дека кандидатот П.Б. аплицирал и бил уреден кандидат на пет работни места од кои според балансерот на три е предвидено вработување на Македонци, на едно Албанец и на едно Ром, додека кандидатот А. Р. аплицирал и бил уреден кандидат за работно место кое според балансерот е предвидено за Турчин, додека во евиденцијата на Агенцијата за вработување лицето П.Б. во делот на националност е заведено како Македонец, додека лицето А.Р. е заведено како Албанец.

– ДКСК утврди дека се основани и потврдени наводите за сомневање дека кандидатот П.Б. и А.Р. со цел остварување лична корист – вработување во ДКСК пријавиле различен податок за припадноста на етничката заедница во електронската пријава за вработување во објавениот оглас, споредено со податокот за припадноста во Агенцијата за вработување, изјави Бајрами.

Ова, посочи Бајрами, става сенка на сомнителност на сите вработувања според балансерот, додека тоа што не е воспоставен начин за вршење на проверката не ги амнестира кандидатите со лажни етнички припадност.

Членот на ДКСК Горан Трпеновски, ги повика и Собранието и сите политички чинители да размислат дали е време да се укине балансерот, посочувајќи дека пописот е направен, отворени се универзитети и ситуацијата не како порано, да мора да има квоти.

– Значи сите ние ќе се пријавиме на пет-шест различни националности и никој ништо не ти може. Затоа поддржувам укинување на балансерот и да се размисли да нема повеќе квоти. Време е квалитетот да дојде на сцена, изјави Трпеновски.

Според Катица Николовска, крајно време е да се направи нешто за ова, бидејќи ситуацијата со вработувањата кај нас го девалвира човековото достоинство, за да мора да направи некои отстапки за да влезе на работа, иако како што рече, со Устав е загарантирано правото на еднаквоста при вработување.

Софка Пејовска Дојчиновска, член на ДКСК, посочи дека балансерот можеби на почетокот кога е воспоставен бил алатка на правична застапеност, но очигледно станал своја спротивност.

– Мислам дека не треба да ги амнестираме, односно треба да ги повикаме носителите на јавни функции кои не верувам дека не знаат или знаеле дека во нивните институции се пријавуваат односно се примаат луѓе кои имаат дадено лажен податок за својата национална припадност. Да не ги оставиме на раат дека тие не се ништо, дека ете луѓето се пријавуваат, изјави Пејовска Дојчиновска.

Шемши Салаи, член на ДКСК, посочи дека балансерот треба или да се уреди или да се укине, но дека поголема одговорност е на самата институцијата што дозволила оваа постапка да се спроведе, отколку од самите лица кои, како што рече, од мака се пријавиле само за да се вработат.

– Тука треба да се преиспита одговорноста на самата Агенција за вработување и другите институции кои молчеле и дозволиле лицата да се вработуваат, изјави Салаи.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ