ДКСК смета дека градоначалникот на Струга Рамиз Мерко треба кривично да одговара за финансиски малверзации потврдени во нивната истрага но и од државната ревизија. Според нив, треба да се гони кривично и претседателот на Кривичниот суд во Струга кој лично дозволил буџетот на Општината да изнесува 50 милиони денари иако таа општина беше една од нај задолжените.
На денешната седница Државната комисија за спречување на корупцијата одлучи да ја запре постапката за акумулација на функции против Нефи Усеини, бидејќи во меѓувреме тој се повлече од советничката позиција во Општина Охрид.
Антикорупционерите не најдоа ништо спорно ниту за предметот „Шпанско Село“, односно за плацовите кои ги купиле мајката на сопругата на министерот за здравство Венко Филипче, заменик министерот за здравство Илир Хасани и бизнисмен кој со години соработува со министерството и е добитник на голем број на тендери.
Оттаму велат дека плацовите се купени во време кога тие не биле функционери, пријавени се како имот а бизнисменот десетина години назад ги добивал тендерите во здравство бидејќи имал најквалитетни понуди.
Антикорупционерите заклучија дека во овој случај ги исцрпеле сите мерки и средства кои им се на располагање а доколку и понатаму постои сомнеж, сметаат дека предметот може да го истражат други институции.